Баерн го пикираше првото летно засилување: Играчот на сезоната во Холандија ги договори личните услови за трансфер

Дерби

03/06/2026

13:12

896

Големина на фонт

а а а

Баерн Минхен спушти завеса на една доминантна сезона во Германија и ја освои двојната круна, додека во Лигата на шампиони остана на дофат на финалето и загуби од ПСЖ во полуфиналната фаза.

Сезоната во Баварија се оцени како целосно успешна, но гигант од калибарот на Баерн Минхен сака да се подобрува од година во година, па планот за ова лето е Венсан Компани да добие уште повеќе избор во својата ротација.

Баерн Минхен во последното коло им се заблагодари на играчи како Џексон, Горецка и Гереиро, а се чини дека првиот потег кој ќе го повлече ќе биде поврзан со офанзивната линија.

Угледните германски медиуми известуваат Баерн го пикирал најдобриот играч во холандското првенство како идеален кандидат за пополнување на позициите во нападот, па веќе постигнал и договор со Исмаел Саибари околу платата и времетраењето на договорот.

Баерн успеал да го убеди Мароканецот дека во Минхен ќе го добие најдобриот проект за неговата иднина, па сега преостанува германскиот да се договори со холандскиот шампион.

Саибари беше избран за играч на сезоната во Ередивизијата поради своите 15 голови и 8 асистенции, а после четири години во ПСВ, сака да направи голем скок во кариерата.

Баерн лесно ги договорил личните услови со фудбалерот, а сега преостанува да се договори со ПСВ околу висината на отштетата. Проценките се дека првата понуда на Баерн ќе изнесува околу 50 милиони евра, а првичниот план е зделката да се реализира до стартот на Светското првенство.