Шпанците тврдат: Падна одлука за иднината на Димитриевски

Дерби

03/06/2026

11:10

937

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски по последниот меч во сезоната најави дека брзо ќе знае повеќе детали за неговата иднина, а во период кога заврши и вториот тест за Македонија во овој репрезентативен прозорец, се појави информација која се повеќе добива на сила на Пиринеите.

Угледните шпански медиуми информираат дека македонскиот чувар на мрежата нема да прави трансфер ова лето, од едноставна причина што Валенсија како клуб ги информирала претставниците на Столе за продолжување на соработката.

Валенсија имаше опција да го продолжи договорот на македонскиот чувар на мрежата за уште две години, но при активирање на таа клаузула, на Столе ќе му исплати и бонус од 500 илјади евра.

По импресивниот втор дел од сезоната, Димитриевски стана атрактивен и за Марсеј и уште неколку други европски клуба, но неговата иднина останува тесно поврзана со „Месталја“ и Валенсија.

Столе ќе биде прв голман на „лилјаците“ во новата натпреварувачка сезона, а според новиот договор ќе остане во клубот најмалце до 2028-ма година.