Јелена Ѓоковиќ за борбата што ја води: „Мислев дека сум супержена, ова ме уништи“ – Го споменала и Новак, а потоа признала...

Точка

02/06/2026

21:39

1.616

Големина на фонт

а а а

Јелена Ѓоковиќ со години е позната по тоа што отворено зборува за теми кои многумина ги избегнуваат – од родителството и здравите животни навики до менталното здравје.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ во повеќе наврати јавно говорела за својата борба со анксиозноста и признала дека долго време се обидувала да ги исполни очекувањата кои самата си ги наметнала.

Како што своевремено раскажала, Јелена Ѓоковиќ, верувала дека може да одговори на сите предизвици што ги носат бракот, мајчинството и бројните деловни обврски. Сепак, со текот на времето сфатила дека се запоставила себеси.

„Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за себе. Мислев дека сум супержена, дека можам да одговорам на сите потреби на мојот сопруг и децата, а потоа морав да се соочам со своите стравови“, изјавила сопругата на Јелена Ѓоковиќ.

„Анксиозноста и стресот не се шега“

Јелена Ѓоковиќ признала дека во одредени периоди од животот чувствувала огромен товар кој влијаел на нејзината самодоверба, односите со луѓето и подготвеноста да прифати нови искуства.


„Понекогаш се чувствував преоптоварено, што многу влијаеше на моите резултати и отвореноста за нови искуства, учење и пријателства. Анксиозноста и стресот не се шега“, порачала Јелена Ѓоковиќ.

Токму поради тоа таа одлучила поактивно да се вклучи во проекти кои го промовираат менталното здравје кај младите и ја зголемуваат свеста за важноста на разговорот за психолошките проблеми.

„Луѓето ме гледаат само како сопруга на Новак Ѓоковиќ“

Во едно од своите најискрени признанија, Јелена Ѓоковиќ зборувала и за тоа како долго време ја повредувало што јавноста нејзината работа често ја гледа низ призмата на успехот на нејзиниот сопруг.

„Се обидував да се натпреварувам со Ноле. Мислев дека не добивам доволно признание кое го заслужувам и дека мојата работа не се гледа затоа што сè се одвива во позадина. Сè што правев беше невидливо“, рекла.


Додала е дека со текот на времето научила да ја прифати својата позиција и дека денес со гордост ја носи титулата сопруга на Новак Ѓоковиќ.

„Некогаш ме болеше тоа што бев препозната само како негова сопруга, а сега тоа го носам со гордост“, објаснила Јелена Ѓоковиќ.

Мајчинството го променило погледот кон животот

Јелена говорела и за предизвиците на родителството, признавајќи дека улогата на мајка целосно ѝ ги променила приоритетите.

„Посветена сум на децата и им се давам целосно. И Новак ми е како дете, бара многу внимание. Имам полни раце работа“, се пошегувала таа во една прилика.


Иако не ја исклучува можноста за проширување на семејството, таа вели дека во моментов не размислува за тоа, бидејќи е целосно посветена на децата и семејниот живот.

Стручњаците истакнуваат дека анксиозноста е природна реакција на организмот на стресни ситуации, но дека проблемот настанува кога стравот, грижата и напнатоста стануваат секојдневни и почнуваат да влијаат на квалитетот на животот.