Од милионски договор до затворска ќелија! Скандал во Америка – уапсен славен спортист! Полицијата истражува страшно обвинувања!

Точка

27/05/2026

17:09

788

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на „NFL“ се товари за нанесување телесни повреди, оштетување имот, нарушување на јавниот ред, но и за заплашување на жртва со давење и гушење, додека неговите адвокати тврдат дека е целосно невин.

Играчот на „NFL“, ранинг-бекот на „Грин Беј Пекерс“, Џош Џејкобс, е уапсен и задржан во притвор по пет точки од обвинението за семејно насилство, соопшти денеска локалната полиција.

Локалната полициска управа во Висконсин наведе дека во саботата наутро постапувала по пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а во вторникот 28-годишникот бил однесен во затворот на округот Браун.

Тој се соочува со обвиненија за нанесување телесни повреди, оштетување имот и нарушување на јавниот ред, како и за заплашување на жртва, вклучително и давење и гушење.

Тамошниот шеф на полицијата изјавил дека истрагата сè уште е активна и дека нема да бидат објавени дополнителни информации. „Пекерс“, исто како и лигата „NFL“, соопштија дека нема да ја коментираат „тековната правна ситуација“.


Џејкобс преку своите правни застапници ги негираше обвинувањата.

„Џош решително ги негира обвинувањата, а случајот е во рана фаза на истрага, при што постојат важни докази кои сè уште не се објавени“, наведоа неговите адвокати.


Џејкобс влегува во својата трета сезона со „Пекерс“, откако во 2024 година потпиша четиригодишен договор како слободен агент вреден 48 милиони долари.

Во седум сезони во „NFL“, тој истрча 7.803 јарди од 1.840 носења на топката и постигна 75 тачдауни.