Микел Артета го запиша своето место во историјата и стана првиот менаџер кој ја донесе титулата за Арсенал после Арсен Венгер, успех на кој се чекаше во Северен Лондон цели 22 години.
Откако Арсенал ја загуби дерби битката на „Итихад“ од Манчестер Сити, малкумина останаа да веруваат во тимот на Артета, но ако некои се издвојуваше по своето фаворизирање на „топчиите“ оваа сезона, тоа се три легенди на Манчестер Јунајтед.
Josh Kroenke surprises Gary Neville with a special gift, during an interview at the training ground.
— DailyAFC (@DailyAFC) May 27, 2026
🗣️ “On behalf of our entire club, we have a little present for you. I think you will love it, Gary. I think you might have to open it on camera…” ❤️🤣 pic.twitter.com/ecaMBhSBKJ
Гери Невил, Вејн Руни и Рио Фердинанд му дадоа максимала поддршка на Арсенал и во тешките времиња и прогнозираа дека тие ќе ја освојат титулата, а откако тимот на Артета го оствари тоа, Шпанецот подготви и мал подарок за најактивниот во медиумскиот простор.
Невил доби специјален подарок од Артета за освоената титула на АРсенал во Премиер лигата, односно дрес со број 2 на кој е потпишан шпанскиот менаџер.
– За нашиот најголем поддржувач Гери, – гласи пораката на дресот на кој стои и презимето на Англичанецот.





