Лам избра како треба да изгледа стартната 11 на Германија на Светското првенство: Имав само една дилема

Дерби

27/05/2026

10:46

280

Големина на фонт

а а а

Германија го расипа впечатокот на последните неколку големи натпреварувања и последниот важен резултат беше остварен во 2014-та година, па поради тоа, на „панцирите“ веќе не се гледа како екипа која влегува со фаворитски епитет на Светското првенство.

„Ди Маншафт“ претрпе смена на генерации низ годините и тоа дефинитивно се одрази врз резултатите, а сега Јулијан Нагелсман со еден прилично млад тим ќе се обиде да го смени колосекот и да ја однесе Германија до завршницата на мундијалот кој следи.

Германската јавност секогаш е максимално загреана пред ваков голем настан, па во такво расположение е и легендарниот Филип Лам кој даде предлог за тоа како треба да изгледа стартниот тим на селекторот.

Лам постави формација 4-2-3-1, со тоа што најголемата дилема ја имаше за Џошуа Кимих, односно дали капитенот на Баерн треба да игра како десен бек, или играч за врска.

– Кимих играше во средниот ред цела сезона, играа премногу натпревари заедно со Павловиќ и Баерн изгледаше фантастично. Кимих игра на највисоко ниво во средината со години, па затоа сметам дека тој може да биде костур на тимот заедно со Нојер и Та. Нема да менувам и да го поставам како десен бек.

– Антон може да игра на десната бековска позиција, лево го имаме Раум кој е одличен во офанзива. Со Антон добивата подефанзивен профил на фудбалер, па со него може да добиете и еден вид на трет стопер, играч кој може да донесе потребен баланс во тимот.

Стартните 11 на Лам: Нојер, Антон, Раум, Шлотербек, Та, Кимих, Павловиќ, Вирц, Мусиала, Левелинг и Хаверц.