Во Реал ќе имаат право на избор после 20 години: Одреден датумот за претседателските избори

Дерби

27/05/2026

07:32

435

Големина на фонт

а а а

Флорентино Перез навикна едногласно да биде изгласан за претседател на Реал Мадрид како човек кој немаше противкандидати во изминатите две децении, а последниот избор кога сосиосите имаа право да бираат се случи пред точно 20 години.

Тогаш победа избори Рамон Калдерон, а две децении подоцна, Перез конечно дочека време да има противкандидат за претседателската функција во Реал Мадрид.

Откако му беше прифатена кандидатурата на младиот бизнисмен Енрике Рикелме, Управниот одбор на Реал Мадрид мораше да свика претседателски избори во период од две недели, а сега е одреден и точниот датум.

Реал Мадрид новиот петгодишен мандатар ќе го добие на 7-ми јуни, а во наредните десетина дена, двајцата кандидати ќе можат да ги претстават своите проекти, а можно е да имаат и директен ТВ дуел.

Сосиосите на Реал Мадрид последно гласаа за двајца кандидати во 2006-та година, па ова ќе биде нов интересен предизвик.

M