Една жена на „Reddit“ напишала дека пронашла писмо под подот во својот дом. Содржината на писмото ја растажила, бидејќи станувало збор за конфликт меѓу мајка и син.
Кога ќе се вселите во стара куќа, никогаш не знаете какви тајни се кријат под површината, без разлика дали се добри или лоши. Најчесто сопствениците наидуваат на лошо изведени поправки од претходните станари и години подоцна мора да ги поправаат туѓите грешки.
Меѓутоа, една жена за време на реновирање на кујната пронашла нешто многу полично.
Таа објаснила дека го отстранувала стариот линолеум кога под подот забележала рачно напишано писмо.
Својата приказна ја споделила на „Reddit“.
What's the weirdest thing you've found hidden in your walls?
by
„Пронајдовме рачно напишано писмо кое никогаш не било испратено. Беше скриено под стариот линолеум во кујната. Една жена била многу потресена од одлуките што ги донел нејзиниот син и целата своја тага и бес ги истурила преку тоа писмо. Беше прилично тешко за читање — писмото било напишано во тон дека повеќе не сака да го види, и се надевам дека подоцна сепак успеале повторно да најдат начин да се помират како семејство.
Пребарував стари пописи на население за да го пронајдам нејзиното презиме и успеав да лоцирам еден нејзин потомок во мојот град. Беа воодушевени кога го добија писмото, а мене ми донесоа копија од фотографија на таа жена како стои во дворот пред куќата. Фотографијата е направена во четириесеттите години од минатиот век, кога нејзиниот сопруг заминал во војна.
Ми рекоа дека жената сè уште е жива, дека има повеќе од 90 години и дека планираат да ѝ го однесат писмото во дом за стари лица. Подоцна ми јавија дека, и покрај неговата содржина, ѝ било драго што повторно го добила тоа писмо. Исто така ми кажаа дека токму таа е причината поради која две спални соби имаат под од бор, додека остатокот од куќата е од бел даб. Отсекогаш сум се прашувала за тоа, бидејќи беше прилично очигледно дека боровите даски биле поставени по „направи сам“ метод, затоа што краевите не биле рамно исечени.“
„Мојата сестра во својот ѕид пронајде машина за пишување од дваесеттите години на минатиот век. Беше прекрасна. Ја исчистивме, ставивме нова лента, внимавајќи да ги задржиме оригиналните метални калеми, а потоа ѝ ја продадовме на еден пресреќен колекционер за 250 долари.
Инаку, мојата куќа е од 1913 година. Пред неа расте многу, многу стар јапонски јавор кој, наводно, бил засаден околу 1919 година, кога првичниот сопственик се вратил од Првата светска војна. Многу љубители на јапонскиот јавор застануваат за да му се восхитуваат. Веќе не е величествен како некогаш, но се трудам да го негувам најдобро што можам. Секоја година од неговите семки одгледувам мали садници и им ги подарувам на други луѓе, за неговата приказна да продолжи да живее и на други места.“














