Светската потрошувачка на вино падна на најниско ниво од 1957 година: Ова се четирите главни причини

Точка

14/05/2026

19:56

508

Големина на фонт

а а а

Глобалната потрошувачка на вино минатата година паднала на најниско ниво од 1957 година, достигнувајќи 208 милиони хектолитри, покажува годишниот извештај на Меѓународната организација за лозарство и вино (OIV).

Тоа претставува пад од 2,7 отсто во однос на 2024 година и вкупен пад од околу 14 отсто во споредба со 2018 година, соопшти организацијата.

Десетте најголеми светски пазари

Според „OIV“, пад е забележан на девет од десетте најголеми светски пазари, вклучувајќи ги САД, Франција и Кина, кои се меѓу клучните фактори за глобалниот пад.

Во САД, најголемиот светски пазар за вино, потрошувачката е намалена за 4,3 отсто, што се поврзува со падот на куповната моќ и промената на навиките кај помладите потрошувачи.

Во Франција, вториот најголем пазар, потрошувачката е намалена на 22 милиони хектолитри, што претставува пад од 3,2 отсто.


Промена на навиките кај потрошувачите

Во Кина е регистриран пад од дури 13 отсто, додека вкупната потрошувачка од 2020 година е намалена за 61 отсто, поради што оваа земја падна од шестото на 11. место меѓу најголемите пазари за вино.

Во Италија потрошувачката е намалена за 9,4 отсто на 20,2 милиони хектолитри, додека во Германија е забележан пад од 4,3 отсто на 17,8 милиони хектолитри.

Од „OIV“ наведуваат дека главните причини за падот се промената на животните навики, економската неизвесност, климатските флуктуации и нарушувањата во глобалната трговија, додека влијанието на американските трговски мерки и царини сè уште се анализира.