Годинешната Евровизија се одржува во Виена од 12 до 16 мај, а првата полуфинална вечер ќе ја следиме вечерва од 21 часот.
Најголемиот европски музички фестивал ќе го води атрактивната Викторија Сваровски, која веќе привлекла внимание со својот изглед.
Таа е родена во Инсбрук, а на јавноста ѝ е позната не само како телевизиска водителка, туку и како пејачка, модел и претприемачка.

Викторија е дел од познатото семејство Сваровски, кое стои зад светски познатиот бренд за кристали, основан кон крајот на 19 век од Даниел Сваровски.
Иако пораснала во едно од најпознатите австриски претприемачки семејства, таа одлучила кариерата да ја гради надвор од семејниот бизнис. Веќе на 16 години потпишала договор со Сони Мјузик, а на 18 години се преселила во Лос Анџелес, каде соработувала со големи имиња од музичката индустрија, меѓу кои и со прославената авторка Дајан Ворен.

Пошироката публика ја запозна во 2016 година по победата во шоуто „Let’s Dance“. Набргу потоа стана и најмладата членка на жирито во историјата на емисијата „Das Supertalent“.

Од 2018 година таа е постојана водителка на шоу-програмата „Let’s Dance“, еден од најгледаните забавни формати на германското говорно подрачје.

Водела и големи телевизиски спектакли како „100 Years Disney Show“ и доделувањето на наградите „Bambi“. Во претприемачките води запловила во 2020 година со лансирањето на бјути брендот „ORIMEI“, а на почетокот на оваа година остварила уште една долгогодишна желба, настапувајќи на релито Дакар.
Едвај чекаме да го видиме нејзиното модно издание за првото полуфинале на Евровизија.











