Пејачката Лидија Кочовска, која важи за еден од највпечатливите женски вокали на македонската музичка сцена, иако подолго време нема објавено нова песна, сè уште е препознатлива по својот моќен глас и семејното музичко наследство.
Помладата сестра на Тања Кочовска и ќерка на Панче и Невена Кочовски од групата Мањифико, гостуваше во емисијата Нешто конкретно на водителката Снеже Велков, каде што отворено проговори за здравствените проблеми со кои се соочува.
Лидија откри дека ѝ бил дијагностициран дијабетес, а според неа, главна причина бил силниот стрес низ кој поминувало семејството.

Таа раскажа дека во ист период дијабетес добиле и нејзината сестра и татко ѝ. Сè се случило за време на пандемијата, кога нивната мајка Невена, која боледуваше од Алцхајмерова деменција, се изгуби, а семејството јавно бараше помош преку социјалните мрежи за да ја пронајде.
„Дијабетесот се појави кај сите тројца во исто време, кај мене, кај Тања, кај татко ми.
Тоа се случи кога мајка ми се изгуби, таа беше со Алцхајмерова деменција и првото нејзино губење кога ја баравме по социјални мрежи, практично првиот пат кога беше ударно“, откри Лидија.
За среќа, Невена тогаш беше пронајдена со помош на пријатели, познаници и луѓе од социјалните мрежи, но тешкиот период оставил последици врз целото семејство.
Невена Кочовска почина во август 2022 година, на 81-годишна возраст.









