[ФОТО] Жешките објави на најбараната манекенка повторно ги „уриваат“ мрежите: „Вечно би те гледал“

Точка

09/05/2026

09:00

2.280

Големина на фонт

а а а

Долго немаше жешки кадри од Емили Ратајковски, па сите веќе беа загрижени дали со провокативната манекенка сè е во ред...

Една од најсексапилните манекенки, Емили Ратајковски, извесно време се „смири“ кога станува збор за социјалните мрежи, а многумина мислеа дека на тоа влијаел нејзиниот нов партнер Роман Гаврас.

Меѓутоа, Емили набрзо ги демантираше сите и објави повеќе од провокативни фотографии.


Црниот фустан со точки, еден од најмодерните модели оваа година, беше нејзиниот избор за селфи во огледало, но на сите многу повеќе им падна во очи нејзиното деколте, па никој не можеше да го тргне погледот од бујните гради.


На своето модно издание додаде и кружни обетки, и иако Емили се потруди да биде во тренд оваа сезона, никому не му е важно што таа облекла.


Коментарите под објавата „експлодираа“ и веројатно целта е постигната – повторно Ратајковски е главна тема на социјалните мрежи.

„Каква си“, „Би можел вечно да те гледам“, „Секси“, „Преслатка“, беа дел од коментарите, а комплименти ѝ остави и колешката Ирина Шајк.