Најновата епизода од популарната серија „Еуфорија“ повторно предизвика бурни реакции кај гледачите, а многумина се шокирале од сцените со Сидни Свини, кои на социјалните мрежи ги опишале како „ритуал на понижување“ за актерката.
Серијата е позната по контроверзната содржина, но се чини дека последната епизода, емитувана во неделата, ги поместила границите дури и за најверните обожаватели.
Некои сцени ги шокирале и најверните обожаватели
Петтата епизода од третата сезона започнува со сцена во која ликот на Свини, Кеси, цица прсти на нозете додека рецитира детска песничка за своите претплатници на платформата Онлифенс. Но, тоа е само почеток.
Подоцна во епизодата, Кеси се појавува во фантазија налик на Годзила, при што уништува згради со своите брадавици и сее хаос меѓу холивудските мажи кои ја следат нејзината работа.
Низ низа исечоци е прикажано како Кеси снима различни сексуални чинови за да го зголеми бројот на следбеници, што е во согласност со развојот на нејзиниот лик, но гледачите се запрашаа како актерката воопшто се согласила да сними таква содржина.
Многумина повторуваат дека ова е ритуал на понижување
Социјалните мрежи се „преплавени“ со коментари од шокирани гледачи. „Убеден сум дека оваа сезона на ’Еуфорија‘ е ритуал на понижување за Сидни Свини“, напишал еден корисник. Друг се надоврзал: „Ритуал на понижување за Сидни Свини во првите десет минути“.
Многумина се прашуваат и за хонорарот на актерката. „Ова мора да е ритуал на понижување за Сидни Свини. Сигурно добро ја платиле за онаа рекреација на Годзила“, стои во еден коментар.
„Нема шанси да ја плаќаат толку многу за ова што ѝ го прават … па, о Боже, ова е ритуал на понижување секоја недела“, додал четврти гледач.
Со оглед на тоа дека Свини и претходно оваа сезона беше во центарот на контроверзни сцени, многумина се прашуваат зошто прифаќа такви улоги. „По ѓаволите, Сидни Свини го прочитала сценариото за „Еуфорија“ и рекла „да“, сакам да глумам во ова?“, запрашал еден гледач.
Друг додал: „Самата помисла дека Сидни Свини го прочитала ова сценарио, го прифатила и потоа го одглумила…“.
Некои ја оцениле содржината како експлицитна до таа мера што ја споредиле со порнографија: „Поминаа 10 минути … зошто оваа сезона е само порно со Сидни Свини?“
„Горда сум на својата работа во серијата“
И покрај критиките, Свини застана во одбрана на својата работа. Во неодамнешно интервју за „The Independent“ изјавила дека е горда на својата улога. „Многу сум горда на својата работа во ’Еуфорија‘. Мислам дека завршив одлична работа. Но, никој не зборува за тоа затоа што се соблеков“, рекла таа.

Актерката ги истакнала и двојните стандарди што владеат во индустријата. „Постои стигма кон актерките кои се соблекуваат на екран. Кога маж има сцена со секс или го покажува телото, тој и понатаму освојува награди и добива пофалби. Но, штом тоа го направи девојка, приказната е сосема поинаква“, заклучила Свини.










