[ФОТО] Двојни аршини на мундијалот: „Винисиус правилото“ важи за Алмирон, но не и за Белингам

Дерби

24/06/2026

15:02

649

Големина на фонт

а а а

Мигуел Алмирон стана првиот играч во историјата кој доби исклучување на еден фудбалски мундијал поради „Винисиус правилото“ кое го воведе ФИФА, казна која му се доделува на фудаблер кој влегува во конфронтација со ривал и го прави тоа со прекриена уста.

Алмирон ја покри устата со својата рака и според правилата доби директен црвен картон, но се ќе беше во ред ако вчершаниот меч не донесеше идентичен пример, во кој сепак не беше употребена најстрога казна.

Парагвајците ова попладне доставиле официјална жалба до ФИФА за двојните аршини, а во документираниот случај е испратен доказ со фотографија од Џуд Белингам.

Англиската ѕвезда вчера влезе во клинч со Џордан Ају и му дофрли нешто со прекриена уста, но не само што не доби исклучување, туку тој помина и без жолт картон.

Фактот што за Џуд не беше употребено ново „Винисиус правило“ предизвика голем револт во спортската јавност, а отвори и дебата околу колку е логично самото применување на ова правило.