Нè очекува драма во ПЛ: Гол разлика ќе го одлучи новиот шампион на Англија

Дерби

07/05/2026

10:50

284

Големина на фонт

а а а

Влегуваме во завршната фаза на Премиер лигата, остануваат да се одиграат уште три кола со тоа што мора да се каже дека Манчестер Сити и Кристал Палас имаат заостанат натпревар, па нив ги очекуваат уште четири битки до крајот на натпреварувачката 2025/2026.

„Граѓаните“ во понеделникот направија голем кикс и се спасуваат од пораз од Евертон на „Хил Дикинсон“ и веќе не зависат од себе, поточно Арсенал е сега е тој што одлучува и ако до крајот ги добие своите мечеви тогаш сигурно ќе биде крунисан во нов првак.

Останува да видиме што ќе се случи во наредниве седмици, но во меѓувреме имаме уште едно предвидување на суперкомпјутерот во однос на тоа како ќе игра завршната табела во ПЛ, а ако се остварат прогнозите шампионот ќе биде одлучен со гол разлика.

Арсенал и Сити на крајот ќе имаат ист број на бодови по 83, но клубот од Лондон поради еден гол ќе биде првак.