ПСЖ втора година по ред ќе игра во финалето во Лигата на шампиони, што значи дека до последен ден ќе има шанса да ја брани титулата во најелитното европско натпреварување.
Тимот на Луис Енрике одигра тактички перфектен натпревар во Минхен и не му дозволи на Баерн да се разгоропади како што обично прави на домашен терен, а иако во финишот прими гол, веќе беше предоцна за германскиот шампион кој остана за гол покус во овој двомеч.
ПСЖ со вкупни 6:5 се пласираше во второ финале во низа во Лигата на шампиони, а по големиот успех, Луис Енрике реши да ликува и потсети на една негова изјава од пред неколку месеци.
По крајот на воведната фаза во Лигата на шампиони, Лучо нагласи дека не постои подобар тим од неговиот во Европа, па иако наиде на критики, испадна дека ПЖС навистина е кадарен да игра за шампионската титула.
– Паметите ли што ви кажав кога заврши воведната фаза во Лигата на шампионите? Не се сеќавате? Ќе ви кажам јас…. Реков дека не гледам подобар тим од мојот во Европа.
– Добив многу критики за таквата изјава, велеа дека многу се замислуваме, но времето покажа дека не грешам. Само Баерн Минхен е на наше ниво во овој момент, а Арсенал исто така е еден од најдобрите тимови на сезоната. Арсенал е во игра за Лигата на шампиони, но и за Премиер лигата, – изјави Лучо.







