Луис Енрике му додели специјален комплимент на Баерн откако го елиминираше во полуфиналето

Дерби

07/05/2026

15:21

283

Големина на фонт

а а а

ПСЖ втора година по ред ќе игра во финалето во Лигата на шампиони, а главен архитект на таквиот успех е Луис Енрике.

Шпанскиот стручњак создаде фудаблска машинерија од тимот со кој многумина се потсмеваа низ годините во Европа, па по освоената прва историска титула во најелитното натпреварување, тој и неговите играчи ќе имаат шанса да се борат за одбрана на трофејот на 30-ти мај.

Противник на ПСЖ ќе биде Арсенал, но пред да дојде време да размислува на тој натпревар, популарниот Лучо одлучи да му оддаде специјално признание на Баерн Минхен за се она што го понуди во спектакуларниот двомеч во Лигата на шампиони, нарекувајќи го најдобриот тим против кој играл откако е тренер на „светците“.

– Баерн се покажа како најтежок можен ривал. Во последните три години откако сум тука, ова е најдобриот тим против кој сме играле. Имаат многу добри играчи и имаат јасно изграден идентитет за тоа како треба да играат. Таквите екипи ве прават подобри, а ние покажавме од што сме направени, – изјави Луис Енрике и додаде.

– Оваа сезона беше доста чудна за нас. Ја имавме најтешката ждрепка, се најдовме во најлошиот дел од костурот и се изгледаше дека оди против нас. Секогаш ни недостасуваше некој важен играч оваа сезона, но и покрај тоа, ги надминавме сите препреки. Овој тим научи како да се натпреварува, – изјави Лучо.