[ВИДЕО] Дејв Грол безмалку се откажал од музиката по смртта на Курт Кобејн: „Сакав да исчезнам, но...“

Точка

05/05/2026

20:48

237

Големина на фонт

а а а

Дејв Грол се присетил како речиси се откажал од музичката кариера по смртта на Курт Кобејн во 1994 година.

Во неодамнешно телевизиско интервју открил дека во намерата да продолжи со музика го поттикнал случаен средба со автостопер во Ирска. Грол, поранешен тапанар на Нирвана, истата година го основал бендот „Foo Fighters“, во кој е пејач, гитарист и главен автор.

Мрачен период по распадот на Nirvana

Смртта на Курт Кобејн, фронтменот на Нирвана кој починал пред повеќе од 30 години на 27-годишна возраст, го турнала Грол во длабока криза. Неговата смрт била прогласена за самоубиство. Како гостин во емисијата „The Late Show with Stephen Colbert" , Грол ја опишал својата состојба по смртта на Кобејн.

„Откако Нирвана престана да постои не знаев што да правам. Не бев сигурен дали воопшто сакам да продолжам да се занимавам со музика. Самата помисла да свирам во некој друг бенд ме растажуваше. Загубата на Нирвана, загубата на Курт Кобејн, беше навистина мрачно и емотивно искуство“, рекол тој.

Во тој тежок период, Грол се присетил дека сакал едноставно да „исчезне“ и одлучил да отпатува во Ирска за да си ги среди мислите.

Знак кој променил сè

Возејќи по селски пат низ Ирска, забележал автостопер кој носел маица со ликот на Курт Кобејн. „За мене тоа беше знак. Помислив: ‘Во ред, универзумот ми порачува дека морам да продолжам’“, раскажал Дејв Грол.


„Сфатив дека морам да продолжам понатаму. Иако имам огромна почит и восхит кон минатото, морам да имам и иднина. И така некако сè почна“, додал.

Совети за ќерката и младите музичари

Неговата ќерка Вајолет Грол овој месец објавува свој деби албум, а Грол во истото интервју ги сподели советите што ѝ ги дал, а кои важат и за други млади музичари.

„Наградата мора да биде самата музика. Се трудиш и сакаш да бидеш успешен, сакаш да бидеш најдобар што можеш. Но на крајот на денот, најважна е љубовта кон музиката и тоа да ја сакаш музиката што ја создаваш“, порачал.


„Како што ѝ реков и на Вајолет, сакам навистина да ги цени овие рани искуства. Не посакувај сè тоа да помине и не брзај премногу. Биди присутна во моментот. Навистина сакам да го цени сегашниот момент, затоа што тој станува темел за сè што следи“, заклучил Дејв Грол.