[ВИДЕО] Новата серија на „Netflix“ уште првиот ден ги освои критичарите: Има 94 проценти позитивни рецензии

Точка

05/05/2026

09:04

902

Големина на фонт

а а а

Мини-серијата „Lord of the Flies“ („Господар на мувите“) беше објавена вчера на „Netflix“ во САД. Станува збор за адаптација на класикот на Вилијам Голдинг за момчиња кои се наоѓаат на остров по авионска несреќа. На „Rotten Tomatoes“ веќе има 94 проценти позитивни рецензии.

Серијата ја адаптираше Џек Торн, автор на театарското дело „Harry Potter and the Cursed Child“ и наградуваната ТВ серија „Adolescence“, додека режијата ја потпишува Марк Манден. Приказната следи повеќе од две десетици момчиња во 1950-тите кои, без надзор од возрасни, постепено паѓаат во тиранија и насилство, со јасна порака за кревкоста на демократијата и тенкиот слој на цивилизациски правила.

Секоја од четирите епизоди во преден план става различен лик, а серијата започнува од перспективата на Пиги, разумно момче кое по несреќата се обидува да воспостави систем на гласање. Дејвид Мекена, кој го толкува, вели:

„Напредувавме општествено или технолошки, но тие проблеми сè уште постојат. Би рекол дека ако денес ставите 40 момчиња на тропски остров, веројатно би се случило истото, за жал“.

Покрај Пиги се и Ралф, кого го игра Винстон Сојерс, потоа Џек, во улога на Локс Прат, како и Сајмон, кого го толкува Ајк Талбут. Талбут изјави:


„Мислам дека сите момчиња претставуваат некој аспект од човечката состојба. Џек очигледно претставува некои потемни аспекти“. Режисерот Манден го опиша снимањето како хаотично поради големиот број момчиња помлади од 12 години, но токму тој немир сакал да го пренесе и на екранот.

Снимањето траело пет месеци, од јули до декември 2024 година, на ненаселени острови на Малајскиот архипелаг. Иако приказната на екранот е сурова, актерите велат дека искуството им било особено блиско и пријателско.