Мајка ѝ ѝ велела дека има огромна глава и дека е грда: Го заведе половина Холивуд, а еден од најголемите фраери призна дека поради неа носел два пара гаќи

Точка

30/04/2026

17:00

1.120

Големина на фонт

а а а

На денешен ден е родена познатата пејачка и актерка Барбра Страјсенд, а интересно е што своевремено важеше и за една од најфаталните жени на Холивуд, иако самата не се сметала за атрактивна.

Барбра Страјсенд отсекогаш била атипична убавица на чиј шарм и талент многумина паѓале како покосени. Едноставно, постоело нешто магнетски привлечно во нејзината личност, па и покрај тоа што можеби не можела да се спореди со другите убавици од тоа време како Брижит Бардо, Натали Вуд или Џејн Фонда, мажите едноставно биле маѓепсани од неа.

Страјсенд е родена во просперитетно семејство – татко ѝ бил син на имигрант и еден од најистакнатите професори, додека мајка ѝ била целосно задоволна како домаќинка. Најпрво добиле син, а потоа се родила и Барбра.


Меѓутоа, таткото Емануел се разболел од епилепсија, што во тоа време се криело бидејќи се сметало за срамно, а болеста влијаела и врз семејството. На актерката мајка ѝ често ѝ велела дека е „грда“, „главеста“, а ѝ пречел и нејзиниот поголем нос. До својата втора година таа практично била ќелава. За жал, по фатален напад и погрешен лек, Емануел починал, а мајката Дајана со двете деца се преселила кај својот татко, кој веќе бил во длабока старост.

„Во таа куќа немаше љубов. Во трпезаријата имаше голема маса и Барбра и јас се криевме под неа за да не добиеме ќотек“, изјавил еднаш братот на Барбра.

Дајана не обрнувала многу внимание на децата, била целосно изгубена и, како што верувала Барбра, емотивно ги напуштила во исто време кога починал и нивниот татко. Мајката постојано ја оставала својата ќерка кај пријатели и роднини, а секој пат кога заминувала на работа, имала хистерични реакции – девојчето се плашело дека и мајка ѝ нема да се врати и дека ќе остане „сама на овој свет“.

Како што растела Барбра, така се таложеле и проблемите. Децата често ја задевале и понижувале поради слабата фигура и ѝ давале погрдни прекари како „голем клун“.


Работите се влошиле кога нејзината мајка повторно се омажила и добила уште едно девојче. Очувот не ја поднесувал и ги споредувал девојчињата како „убавица и ѕвер“. Кога го замолила да ѝ купи сладолед, тој одговорил дека не е доволно привлечна за тоа.

Единствената светла точка во животот на младата Барбра бил малиот екран на телевизорот на нејзиниот сосед. Била фасцинирана од старите холивудски филмови, во кои сè било толку убаво и со прекрасна музика. Сакала да пее филмски песни во ходникот од нивниот дом.


Животот ѝ се променил одеднаш во 1996 година, кога го запознала актерот Џејмс Бролин, за кого се омажила во 1998 година, и до ден-денес се заедно, иако подоцна ѝ се додворувале бројни холивудски заводници.


Актерот поради неа носел два пара гаќи

Интересно е и тоа што своевремено Роберт Редфорд, со кого го сними филмот „The Way We Were“, во својата биографија пишувал за случките од снимањето.

Како што открил, во интимните сцени носел два пара гаќи, па дури и јавно ја критикувал актерката. Како што признал, првично одбивал да снима филм со неа, сомневајќи се во нејзиниот талент. Дури подоцна признал дека Барбра го привлекувала, па со долната облека ја криел ерекцијата.