Камерон Дијаз и нејзиниот сопруг, музичарот Бенџи Маден, ја споделија убавата вест дека нивното семејство станало побогато за уште еден член.
Веста за раѓањето на синот Бенџи ја објавил на Инстаграм, истакнувајќи дека тој и Камерон се „среќни, возбудени и благословени“ со доаѓањето на нивното трето дете, момче по име Наутас Маден.
Парот е во брак од 2015 година и веќе имаат две деца, ќерката Радикс, родена во декември 2019 година и синот Кардинал, роден во март 2024 година.

Бенџи не објавил фотографија од бебето, туку илустрација од брод и објаснување за значењето на името Наутас, кое се преведува како „морнар“, „навигатор“ или „патник“ – личност која храбро оди во непознатото.
Камерон во коментарите под објавата ја изразила својата радост со емотикони од ѕвезди и срца, дополнително покажувајќи колку е среќна поради приновата во семејството.

Инаку Камерон се прослави со улогата во филмот „Маската“, во кој ја толкувала фаталната заводничка, а претходно успешно се занимавала со манекенство. Меѓутоа, откако станала мајка, сфатила дека изгледот повеќе не ѝ е приоритет.
„Се обидувам да останам жива, како и секоја друга мајка. Само сè да тече по својот тек“, изјавила во една прилика Дијаз, додека пак по раѓањето на ќерката рекла: „Сè се промени откако ја добив ќерката. Сакам да доживеам уште барем 50 или 60 години поради тоа што имам мало дете“.

Инаку од почетокот на годината Дијаз го промовира својот нов филм „Back in Action“, во кој глуми со Џејми Фокс.










