Гестовите, дури и оние најмали, многу често откриваат какви луѓе сме навистина. Тие не мора да бидат големи или впечатливи за да имаат значење — напротив, токму малите, спонтани постапки најјасно ја покажуваат човечноста и добрината во секојдневието.
Во брзиот ритам на живот, кога секој е зафатен со своите обврски, лесно се заборава колку е важно да се биде внимателен кон другите. Сепак, токму во тие обични моменти се раѓаат најубавите примери на хуманост — кога некој ќе помогне без да очекува ништо за возврат, ќе подаде рака или едноставно ќе покаже разбирање.
Една Македонка на социјалните мрежи сподели објава во која опиша токму ваков момент, кој ја потсетил дека добрината сè уште постои меѓу луѓето. Таа раскажа како била сведок на мал, но значаен гест кој ѝ го разубавил денот и ѝ ја вратил вербата во човечноста.
Во време кога често се зборува за отуѓеност и себичност, ваквите приказни се потсетник дека емпатијата и добрината сè уште живеат меѓу луѓето — и дека токму тие вредности го прават општеството подобро место за сите.
Во продолжение, ви ја пренесуваме објавата во целост:
На каса во еден од големиве маркети,денес , стои жена со основни пет артикли во рацете и и вели на касиерката :
- Ве...
Posted by Lenna Skopski on Sunday, April 26, 2026
На каса во еден од големиве маркети, денес, стои жена со основни пет артикли во рацете и ѝ вели на касиерката:
- Ве молам кога ќе завршите, кажете ми цена за прашаков (мала кутија ) не знам дали ќе ми стигнат пари.
Касиерката завршува и ѝ кажува цена, а жената ѝ вели да не го куца прашакот. Жената прашува:
- А сапун за рачно перење има? Или капсули на парче да не имате?
- Немаме, ѝ одговара учтливо касиерката.
Од редот на касата, излегува еден дечко околу 30-тина година и ѝ вели на жената:
- Почекајте ме малку тука, ве молам. И ѝ објаснува каде да седне. Дечкото изврте и пак сврте накај рафтовите. Доаѓа до каса и се обраќа на сите:
- Ќе ве молам да ме пуштите после наплата на господинов, да ги платам овие за женава, па јас ќе се вратам во редот и ќе чекам за мене. Го пуштаме нормално.
Младиот господин на каса стави таблети Ариел големо пакетче, кутијата прашак, неколку сапуни Dove и омекнувач.
Касиерката го праша дали ова се е купено за госпоѓата? Тој мирно ѝ рече:
- Да, сум поминал сиромаштија и добро знам колку е тешко да пазариш со броени пари. Како да ја видов мајка ми.
Се оддалечи накај жената. Таа го гушна. Сакаше да му ја бакне раката, но дечкото не дозволи. Се врати и застана на крај од редот зошто еден господин дрзок и безобразен, претходно не му дозволи да ги помине и неговите два производи. Пакет кока кола лименки и пакетче кисела вода.
Уште и му се сврте и бесрамно му рече:
- Сакаш да глумиш спасител, епа чекај си два пати. Додека сите ние останати му кажавме по еден убав збор.
Денес сретнав млад човек со ГОЛЕМИНА. Добрата постапка повторно го надмина злото!!!“.















