Слон лежерно „сврати“ на граничен премин и предизвика целосна паника: Камерите снимија сè, погледнете го хит видеото

Точка

27/04/2026

17:41

767

Големина на фонт

а а а

Неочекуван гостин се појави на граничен премин во југозападна Кина, кога азиски слон влезе во контролната зона, додека службениците реагираа смирено и му овозможија безбедно да се оддалечи.

Граничен премин во Кина доби неочекуван посетител. Азиски слон лежерно „сврати“ на привремен граничен премин во провинцијата Јунан, целосно игнорирајќи ги бариерите, јавува „CGTN“.

Службениците мирно се повлекле, го расчистиле просторот и го оставиле слонот на мир. Неколку минути подоцна, животното си заминало како ништо да не се случило.

Округот, сместен на спојот на Кина, Лаос и Виетнам, претставува клучно живеалиште на азиските слонови, пишува „Bastille Post“. Слоновите неретко „поминуваат“ кај граничните премини во тој регион, а службениците веќе имаат воспоставено стандардна процедура за вакви ситуации.