Д-р Владета Јеротиќ одамна не е меѓу нас, а како да е сè уште тука. За денес е добро да се чуе што научил од хиландарските монаси за плачењето.
Д-р Владета Јеротиќ бил познат психијатар, филозоф, писател, член на САНУ и професор на Православниот богословски факултет. Неговите мудри зборови денес им се водилка на многумина, а неговиот глас и тоа за што зборува често нè тераат да се замислиме и преиспитаме.
На едно предавање тој раскажал што мисли за плачењето, а таа лекција ја научил од хиландарските калуѓери:
„Па, плачењето е Божји дар. Кога одев на Света Гора, бев повеќе пати, и тогаш некои калуѓери ми се жалеа: ‘Не плачам веќе две години’, ми велат. ‘Па?’, прашувам јас, бев млад. ‘Што значи тоа сега?’ ‘Ме напушти Бог’, рекол и направи пауза.
„На пат се физиолозите да откријат токсини во солзите“, се насмеал потоа д-р Јеротиќ и додал: „Затоа, плачете! Не вештачки, немојте да ставате рен под нос или не знам што... Плачете кога и да ви се плаче.“







