Ги препознавате ли децата од фотографијата? Само едно од нив не е светски позната ѕвезда

Точка

20/04/2026

21:52

1.026

Големина на фонт

а а а

Социјалните мрежи повторно ја споделуваат фотографијата од детството на некои од најголемите светски ѕвезди, снимена во средината на 90-тите, во време кога биле дел од „Disney’s Mickey Mouse Club“.

Иако една фотографија понекогаш може да каже многу, оваа кај многумина го отвора истото прашање: која е четвртата личност на неа? На сликата, имено, има три лица кои повеќето веднаш ќе ги препознаат, но многумина сè уште не знаат кое е четвртото момче.

Кој е кој на фотографијата?

На каучот седат младите Бритни Спирс и Џастин Тимберлејк, кои подоцна ќе станат светски познати. Во средината е момчето за кое не мора ни да гледате „Project Hail Mary“ за да сфатите дека станува збор за Рајан Гослинг. Но кое е момчето што лежи преку нивните колена?


Што се случи со четвртото момче?

Станува збор за Ти-Џеј Фантини, кој за разлика од своите колеги на каучот никогаш не изградил кариера како холивудска ѕвезда. Од друга страна, немал ни проблеми со законот како Тимберлејк, па може да се каже дека можеби и поминал подобро.


Додека многумина што ја виделе фотографијата се прашувале кој е Фантини, еден корисник на социјалните мрежи тоа најдобро го опишал: „Се повлече од глумата. Денес е советник во сојузната држава Вашингтон и со музика сè уште се занимава, но само како хоби.“ Според неговите објави на социјалните мрежи, Фантини делува среќно со своето семејство, што само потврдува дека животот во шоу-бизнисот не е за секого.


Славата не е за секого

Да се биде славна личност не е за секого, а многумина што влегле во тој свет со тек на време сфатиле дека им одговара повеќе живот далеку од очите на јавноста. Ѕвездата од филмот „Сам дома“, Меколи Калкин, извесно време направи долга пауза од глумата, иако денес повторно се појавува на екранот во проекти како серијата „Fallout“. Во меѓувреме, комичарот и глумец Пит Дејвисо за „Vanity Fair“ изјави дека бара излез од светот на славата и нешто друго со што би можел да се занимава. Засега, се чини дека тоа се чорапи.