[ФОТО] Ќерката на Џенифер Лопез го промени името, се претставува како маж

Точка

30/05/2026

15:15

591

Големина на фонт

а а а

Еме Марибел Муњиз, ќерка на музичките ѕвезди Џенифер Лопез и Марк Ентони, го промени името во Оскар Муњиз, а на Инстаграм се претставува како маж.

На Инстаграм профилот на кој се објавува кои факултети матурантите од училиштето Виндворд одлучиле да ги запишат, оваа 18-годишна девојка е потпишана како Оскар Муњиз, а објавена е и нејзина фотографија од детството.


Таа наесен планира да се запише на Сара Лоренс Колеџ - отсек за театарски уметности. Во описот на објавата е означен нејзиниот профил, во чиј опис се наведени два симболи кои означуваат геј мажи и трансродност. На оваа социјална мрежа исто така навела дека сака да ѝ се обраќаат во машки род.


Џенифер Лопез и Марк Ентони сè уште не се огласиле по повод шпекулациите дека Еме одлучила да го промени полот. Поранешниот пар го има и синот Макс.


Пејачката неодамна, за време на гостувањето во шоуто „Jimmy Kimmel Live!“, зборувајќи за матурата на своите деца, изјави дека плаче веќе два месеца додека тие се подготвуваат да го напуштат домот.

Таа откри дека се одлучиле за различни факултети и додаде дека најважно ѝ е тие да бидат среќни и да се занимаваат со што и да посакаат.