[ВИДЕО] Грешат и најдобрите возачи: Дали знаете кој има предност на оваа раскрсница?

Точка

18/04/2026

08:54

1.527

Големина на фонт

а а а

За многу кандидати, авто-школата претставува извор на стрес. Учењето на сообраќајните знаци, совладувањето на правилата и прописите, разбирањето на сложените ситуации, а особено снаоѓањето на раскрсници. Сето тоа знае да предизвика главоболка дури и кај најупорните.

Сепак, дилемите не престануваат ни по добивањето на возачката дозвола. Затоа и денес се популарни илустрациите со сообраќајни сценарија, кои бараат само едно - точен одговор на прашањето: „Кој има предност?“.

Понудено сценарио

Еден таков пример неодамна стана вирален на платформата „Јутјуб“ и привлече внимание на голем број корисници.

Станува збор за илустрација на раскрсница на која се наоѓаат три автомобили - жолт поставен на дното, бел од неговата лева страна, како и сив кој доаѓа од левата страна на белиот.

Ситуацијата дополнително ја комплицира фактот што на секој агол од раскрсницата има знак „Стоп“, што значи дека возачите се должни да запрат и да ги почитуваат правилата за првенство на минување.

Дали го знаете одговорот на прашањето - кој има предност?


Детално објаснување

Според објаснувањето на авторот на видеото, решението лежи во добро познатото правило - ако две или повеќе возила пристигнат истовремено, секој возач мора да го пропушти возилото што му доаѓа од десната страна. Возачот кој нема возило од десната страна има право на првенство и може прв да продолжи со движењето.

Во конкретниот случај, тоа значи дека прв тргнува жолтиот автомобил, бидејќи се наоѓа од десната страна на белиот возил и со самото тоа има предност. Белиот автомобил тргнува втор, бидејќи се наоѓа од десната страна на сивиот автомобил.

На крај, сивиот автомобил тргнува последен, бидејќи мора да ги пропушти двете возила што му доаѓаат од десната страна.

Разлика меѓу теоријата и праксата?

Видеото предизвика бројни реакции кај корисниците, кои во коментарите ги анализираа можните исходи од оваа ситуација, пренесува „Dnevno.hr“.

Додека едни размислуваа што би се случило ако сите возила тргнат истовремено, или ако некој врти, други истакнуваа колку ваквите примери се корисни за потсетување на сообраќајните правила.

Посебно внимание привлекоа коментарите на оние кои предупредуваат на разликата меѓу теоријата и праксата на патиштата:

„Важно е сите возачи да ги почитуваат истите правила (какви и да се тие), но проблемот што го имам со отстапувањето предност на десната страна е од перспектива на дефанзивно возење. Лицето од вашата лева страна претставува најголема ‘закана’ за вас. Имате повеќе можности да го видите и да го избегнете возачот од десната страна ако се движите истовремено. Ако вие и возачот од вашата десна страна тргнете во исто време, можете да застанете и да спречите несреќа. Ако возачот од вашата лева страна тргне во исто време, запирањето на вашето возило не го спречува да ве удри. Се потпирате на тоа дека ќе застане, но тоа веќе не е во ваши раце, откако ќе влезете во раскрсницата“, наведе еден корисник.

„Дали ова воопшто некој го применува? Јас само му давам знак на другиот возач да помине ако сме застанале во исто време“, „Добар совет и многу едноставно објаснување“, напишаа други корисници.