Меган Маркл на удар на критики поради велигденското видео со децата: „Зошто лаже за сè?“

Точка

07/04/2026

16:19

691

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл се најде на удар на критики откако објави видео за Велигден, но нејзините обожаватели брзо застанаа во нејзина одбрана. Имено војвотката сподели редок увид семејниот живот објавувајќи снимки од нејзините деца, принцот Арчи (6) и принцезата Лилибет (4), како бараат јајца во градината на нивниот дом во Монтесито.

Меѓутоа, еден детаљ во видеото – совршено чистите јајца во кокошарникот, предизвика расправа на социјалните мрежи.

Расправа за јајцата во кокошарникот

Семејнотото видео, кое прикажува деца со зајачки уши како собираат јајца и си играат со голем кадифен зајак, брзо привлече негативни коментари. Критичарите се фокусираа на сцената во која Меган се приближува до кокошарникот и го крева капакот, откривајќи куп беспрекорно чисти јајца.

На социјалните мрежи, еден корисник напишал: „Секој што чува кокошки знае дека јајцата никогаш не излегуваат толку чисти. Зошто Меган Маркл лаже за сè?!“ Друг се согласил: „Сјаат како да се пластични“. Еден корисник направил паралела со декорациите: „Имам корпа полна со лажни јајца што ги користам како велигденски декорации и изгледаат исто како овие“. Друг коментирал: „Изгледаат речиси бисерно. Свежо снесените јајца не изгледаат така“.


Сепак, многумина застанаа во одбрана на Меган, тврдејќи дека критиката е неоснована. Некои сугерираа дека белите јајца може да се чоколадни и скриени за децата. Други сопственици на кокошки, исто така, се вклучија во расправата. „Не би се согласил со вас во однос на ова прашање Имам мало јато свиленкасти кокошки и други раси и 90 отсто од моите јајца се беспрекорно чисти, не морам да ги мијам. Можеби е затоа што јатото е помало и помалку стресно?“ напишал еден сопственик.

Друг сопственик на живина додал: „Како сопственик на кокошки, не се согласувам. Моите кокошки речиси секогаш снесуваат чисти јајца, освен кога времето е лошо и имаат калливи нозе“. Еден корисник, кој истакнал дека не е нејзин обожавател, споделил фотографија од чисти јајца и напишал: „Моите често се чисти. Многу пати знаат да бидат одвратни, но сосема е нормално да бидат чисти. Ова е од утрото на Велигден!“.

„Зошто се секогаш сами?“

Дебатата за јајцата не беше единствената критика упатена кон војвотката. Некои коментираа дека видеото од потрага по јајца е „тажно“ бидејќи Арчи и Лилибет секогаш изгледаат сами, без други деца. „Новата велигденска објава на Меган… убаво е да се видат како си играат, но зошто се секогаш сами? Неколку пријатели би го направиле ова многу позабавно. Некако е тажно да се гледа“, напишал еден корисник.


Друг корисник ги нарекол децата „најосамените деца досега“ и се прашувал каде им се пријателите на нивна возраст.