Актерот Џонатан Мејџорс и неговиот колега Џеј Си Килкојн доживеале незгода за време на снимањето на нивниот нов акциски филм. Мејорс и Килкојн паднале низ прозорец, по што неколку членови на екипата го напуштиле снимањето.
Актерите снимале сцена во која нивните ликови биле изложени на пукотница, пишува „Deadline“. Додека на снимањето одекнувале истрели, актерите удриле во калено (безбедносно) стакло. Сепак, стаклото се скршило, предизвикувајќи Мејџорс и Килкојн да паднат наназад. Членовите на екипата брзо им притрчале на помош на актерите, кои наводно паднале од висина од два метри.
Како што тврдат изворите, Килкојн добил конци низ целите раце. Што се однесува на Мејџорс, неговите претставници потврдиле дека е добро како и дека продукцијата веднаш се погрижила за него. Тие додале дека не се чувствувал несигурно на снимањето и дека продолжил да има позитивно искуство работејќи на проектот.
Jonathan Majors falls out of a window on set of his new Daily Wire action film.
— DiscussingFilm (@DiscussingFilm) April 4, 2026
When Deadline reached out for comment about unsafe conditions on the set, the producers said they “don’t negotiate with communists.”
(Source: Deadline) pic.twitter.com/UFulLUKgbM
Килкојн во меѓувреме го завршил снимањето на филмот, кој го продуцира „Bonfire Legend“, продуцентска компанија во сопственост на филмскиот продуцент Далас Сониер, кој неодамна беше критикуван. Овој последен инцидент довел до тоа неколку членови на екипата да го напуштат снимањето, по низа други инциденти. Според извештаите, реквизитите паднале врз членовите на екипата, на една локација се појавила црна мувла, а продуцентите одлучиле да снимаат на друга локација и покрај предупредувањата за азбест.
Кон крајот на март, по инцидентот со прозорецот, Меѓународното здружение на театарски и сценски работници (IATSE) повика на штрајк против продукцијата на филмот.

Сепак, Сониер им упатил жесток одговор: „Целата индустрија е во слободен пад поради штрајкови, а сега кога нивните членови се невработени, тие се обидуваат да ги саботираат малкуте луѓе кои сè уште продуцираат. Ние не преговараме со комунисти“, рекол тој.
Сониер претходно изјавил за „People“: „Падот на актерите беше пократок од неуспешните филмски кариери на сегашните синдикални претставници“.
По инцидентот снимањето продолжило, а продуцентската куќа работи на замена на членовите на екипата кои го напуштиле сетот.








