Заборавете на идилата од серијата „Пријатели“: Лиса Кудроу сподели шокантни детали за кои молчела со години

Точка

06/04/2026

13:01

1.716

Големина на фонт

а а а

Познатата актерка Лиса Кудроу, најпозната по својата легендарна улога како енергичната Фиби Бафеј, конечно одлучила да ги симне розовите очила од едната од најомилените серии на сите времиња.

Во неодамнешно, прилично искрено интервју, 62-годишната Кудроу признала дека често се чувствувала – запоставена – за време на снимањето на „Пријатели“.

Додека разговарала со новинарите на „Индипендент“, Лиса истакнала дека била третирана како „како минлива“ во споредба со остатокот од актерската екипа. Според неа, нејзините колеги Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, покојниот Метју Пери и Дејвид Швимер бргу ја засениле по популарност, дури и во агенцијата за таленти на која ѝ платила за да ѝ ги пронајде улогите.


„Ме викаа шестата“

„Никој не се грижеше за мене“, отворено признала Кудроу. „Имаше одредени луѓе во мојата агенција за таленти кои едноставно ме викаа „шестата од „Пријатели“, додала таа.

Како што серијата стана глобален мегахит почнувајќи од втората сезона, повеќето нејзини колеги успеале да ја искористат таа неверојатна популарност за да добијат филмски улоги, но Лиса имала чувство дека таквите можности ја одминуваат. „За мене, немаше никаква визија, ниту какви било очекувања за тоа каква кариера би можела да изградам. Тоа беше став од типот: „Човеку, како воопшто имала среќа да ја добие улогата во таа серија“, со горчина се присетила актерката.

За ситуацијата да биде уште поапсурдна, неа и Мајкл Патрик Кинг, со кого подоцна ја создала хит-серијата „The Comeback“ целата таа ситуација ги оставила во чудо. Кинг истакнал еден фантастичен факт – и покрај тоа што ја игнорирале, Лиса била првата членка на актерската екипата која ја освоила награда Еми, во 1998 година за споредна женска улога во комедија.


Лаги околу милионските договори

Вистинските, посериозни филмски понуди почнале да пристигнуваат дури кога во 1999 година ја играла сопругата на психијатар кој лекува шеф на мафија во комедијата „Анализарај го ова“, заедно со великаните Роберт Де Ниро и Били Кристал.

„Тогаш агентите и деловните луѓе почнаа да ме опкружуваат и сакаа да ме вклучат во романтични комедии“, открила Кудроу, иако самата се сомневала во тој правец бидејќи, како што рекла, никогаш не се сметала себеси за „доволно симпатична“.


За време на интервјуто, се осврнала и на една од најпознатите анегдоти во телевизиската историја. Имено, главната екипа во 1997 година успеала да испреговара заеднички, рамноправен договор со „Ворнер Брос“, благодарение на кој на врвот на серијата сите заработувале неверојатни еден милион долари по епизода. Но со години се шпекулирало дека Лиза била „главниот иницијатор“ на овој брилијантен преговарачки потег.


Иако нејзините агенти благодарение на тој договор и самите заработиле милиони, биле бесни поради гласините. „Апсолутно не бев главниот иницијатор“, јасно рекла Кудроу. „Но, тоа беше објавено и не беше вистина. Мојот тим беше многу лут поради тоа. Тоа протече во медиумите како еден вид предупредување за другите клиенти, во стилот: „Не правете такви работи“, заклучила Кудроу.