[ВИДЕО] Кијану Ривс бил прашан што би им препорачал на младите актери: Неговиот 18+ одговор е хит на социјалните мрежи

Точка

07/04/2026

16:59

665

Големина на фонт

а а а

Кијану Ривс ѕвездата од филмот „John Wick“, по повеќе од 30 години во Холивуд, каде што слава стекнал уште во своите рани дваесетти, има многу корисни совети за сите кои се надеваат на успех во актерскиот свет.

Во неодамнешно интервју, тој го споделиl своето искрено мислење за тоа што е најважно за младите актери. Ривс говорел за тоа за време на промоцијата на својот нов филм „Outcome“, заедно со колегите Камерон Дијаз и Мет Бомер.

Неочекуван одговор

„Обидете се да не бидете е***и ш****и“, директно порачал Кијану. „Работете го своето, и почитувајте ги луѓето со кои работите, сè додека не докажат дека не ја заслужуваат вашата почит.“

Неговата колешка Камерон Дијаз се согласила со тоа, додавајќи дека тоа е совет што важи и надвор од филмската индустрија. „Да. Тоа е живот“, духовито забележала таа. Осврнувајќи се на своето искуство во Холивуд, актерката позната по улогата во „Чарлиевите ангели“ нагласила дека не постои прирачник за тоа како да станеш славен.

„Тоа мораш да го поминеш сам, не знаеш што те чека“, објаснила таа. „Исто така е важно да се обратите кај луѓе кон кои имате восхит, да набљудувате како тие се справуваат со тоа и да ги прашате за совет.“


Мет Бомер се надоврзал со совет за важноста од градење заедница во конкурентна индустрија. „Би рекол, ако имате среќа, опкружете се со пријатели и, ако можете, задржете ги оние кои ве познавале и порано. Тие навистина можат да ве држат со нозете на земја и ќе бидат со вас во добро и зло, низ сите подеми и падови“, рекол Бомер.

Повторно обединување по 30 години

Нивниот заеднички филм „Outcome“, во режија на Џона Хил, го следи актерот Риф Хок (Ривс), кој е принуден по уцена да ги исправи грешките од минатото. Филмот, кој ќе биде достапен на Apple TV+ на 10 април, истовремено е и повторно обединување на Кијану и Камерон, кои во 1996 година глумеа љубовен пар во филмот „Feeling Minnesota“.

Ѕвездата од филмот „Сите полудеа по Мери“ објаснила како овојпат на сетот со Кијану се чувствувала многу посвесно и посигурно. „Овој пат не ми беше четврти филм, па се чувствував посовесно и поискусно отколку тогаш. Почестена сум што повторно работам со Кијану, како и пред 30 години. Навистина сум благодарна за таа можност“, рекла актерката.


„Тој е подеднакво великодушен, присутен и добар човек, ништо не се променило“, додала.

Од друга страна, Кијану рекол дека повторната средба со Камерон му се чинела иста како во деведесеттите. „Беше во стилот: ‘Ајде да работиме, ајде да се забавуваме, ајде да дадеме сè од себе’. Се чувствував дека таа е целосно посветена, без разлика дали ти е тоа четврти филм или не“, заклучил актерот.