[ВИДЕО] ТикТок полуде по диско хит од 1979 година: Некои луѓе тврдат дека „привлекува пари“

Точка

14/03/2026

18:02

724

Големина на фонт

а а а

Диско хитот „Ring My Bell“ од 1979 година повторно стана светски тренд, овојпат благодарение на ТикТок. Илјадници корисници на популарната платформа објавуваат видеа во кои танцуваат на песната, уверени дека таа може да им донесе богатство и нови деловни можности.

Трендот се темели на верување дека песната содржи таканаречена „фреквенција на изобилство“, која наводно привлекува позитивни исходи, успех и финансиски просперитет.

На социјалната мрежа корисниците сè почесто зборуваат за оваа „фреквенција на изобилство“, за која тврдат дека може да привлече богатство, среќа и успех. Многумина ја поврзуваат со песната „Ring My Bell“ на пејачката Анита Ворд, па ја пуштаат и танцуваат на неа како дел од својата утринска рутина.

Песната е објавена во мај 1979 година и брзо станала светска сензација. Неговиот автор е Фредерик Најт, а композицијата во јуни истата година се искачила на првото место на американската музичка листа Билборд Хот 100, станувајќи еден од најголемите хитови на летото 1979.

Успехот ѝ донесе на Анита Ворд и номинација за Греми награда во 1980 година за најдобра женска ар-ен-би вокална изведба. Децении подоцна, песната повторно доживува нов живот на интернет.

Една корисничка на ТикТок напиша: „Денес првпат танцував на ‘Ring My Bell’ како дел од утринската рутина, откако дознав дека нејзината фреквенција на изобилство може да ја ‘хакира’ матрицата“.


Друга креаторка објави видео во кое ги споделува навиките што, според неа, ѝ го подобриле животот во 2026 година. Меѓу нив е и секојдневното танцување на оваа песна.

„Наводно во песната има фреквенција која не дозволуваат да се пушта во казина затоа што привлекува толку многу изобилство и успешна енергија“, изјави таа.


Таа додаде дека песната ја слуша секој ден од почеток до крај, а бидејќи трае околу осум минути, воедно ја смета и за добра физичка активност.

„Почнав да склучувам зделки што се појавија од никаде. Ако ништо друго, пробајте. Танцувајте секој ден на ‘Ring My Bell’“, порача таа.

Друга корисничка открила дека за трендот слушнала од пријателка и од љубопитност решила да го испроба.

„Неколку часа подоцна добив навистина добри вести поврзани со работата. Помислив – дали ова навистина функционира?“, изјавила таа.

И покрај популарноста на трендот, експертите велат дека идејата за таканаречена „фреквенција на изобилство“ поврзана со богатство или успех нема научна основа.

Животниот коуч Аура Е. Мартинез од Њујорк објасни дека многумина го користат овој израз за да опишат звучни вибрации за кои веруваат дека ги усогласуваат со благосостојба.


Во круговите поврзани со таканареченото „манифестирање“ често се спомнува фреквенцијата 888 херци, која понекогаш се користи во музика за медитација. Сепак, иако мозокот може да реагира на различни звучни фреквенции, не постои специфична „фреквенција на пари“.

Мартинез додава дека во песната „Ring My Bell“ не постои никаква посебна фреквенција што би ги објаснила тврдењата што се шират на ТикТок.
„Музиката може да им помогне на луѓето да влезат во состојба на самодоверба и чувство дека сè е возможно. Таквото расположение често ги поттикнува луѓето да бидат поактивни и поодлучни“, заклучи таа.