Со доаѓањето на пролетта, многумина го избираат токму овој период за освежување и темелно чистење на домот. За полесно, поефикасно и поорганизирано пролетно чистење, во dm се достапни производи од марките Denkmit и Profissimo, кои нудат практични решенија за различни површини и простории во домот, со цени до само 119 денари.
За темелна чистота во кујната, тука е Denkmit средството за чистење на рерна за 99 денари. Станува збор за специјален чистач наменет за ефикасно отстранување на тврдокорни наслаги, загорени остатоци и маснотии. Неговата моќна формула со активна пена овозможува сигурно чистење на рерни, плехови, решетки за скара, тави и тенџериња. Дополнителна практичност нуди можноста да се користи и на ладни и на топли површини, што го прави разновиден сојузник за кујнската хигиена.

За блескава чистота на стаклените површини, Denkmit средството за чистење стакло е достапно по цена од 79 денари. Овој производ е погоден за прозорци, огледала, стаклени маси, автомобилски стакла и одредени пластични површини. Овозможува брзо, ефикасно и лесно чистење, додека резултатот е видлив сјај без траги. Благодарение на водоодбивниот ефект, се намалува повторното задржување на нечистотија, што придонесува за подолго чувство на чистота и уредност.

Бањата е едно од местата што бара посебно внимание при пролетното чистење, а Denkmit средството за отстранување на бигор чини 75 денари и нуди практично решение за секојдневна и темелна нега. Овој чистач е наменет за отстранување бигор, ‘рѓа и остатоци од сапун, а може да се користи на кади, туш кабини, мијалници, плочки и славини. Особено е погоден и за почувствителни површини, како акрил, пластика и не’рѓосувачки челик, со што овозможува ефикасно, но нежно чистење и видлив сјај во целата бања.

За свежина и хигиенска чистота во тоалетот, Denkmit пената за чистење на тоалет е достапна по цена од 99 денари. Производот создава моќна пена која допира и до потешко достапните места, каде што често се задржуваат нечистотии и наслаги. Освен што овозможува ефикасно чистење, пената остава и пријатен мирис на лимон, кој дополнително придонесува за чувство на свежина во просторот.

Кога станува збор за секојдневно одржување на домот, Profissimo универзалните крпи за чистење, 6 парчиња за 69 денари, се практичен избор за различни намени. Крпите се достапни во различни бои, со димензии 38 x 38 см, а се одликуваат со висока впивливост и мека структура. Може да се користат и суви и влажни, без да оставаат влакненца, што ги прави погодни за темелно чистење на повеќе површини во домот.

За одржување на мебелот, Denkmit спрејот за мебел и прашина со антистатична формула чини 119 денари. Овој производ е наменет за дрвени, пластични и стаклени површини, а истовремено чисти, штити и помага во спречување на повторно насобирање прашина. Благодарение на антистатичната формула, мебелот подолго останува свеж и сјаен, а производот придонесува и за намалување на алергени од полен, што е особено значајно во пролетниот период.

За дополнително освежување на ткаенините во домот, тука е Denkmit средството за чистење теписи и мебел по цена од 119 денари. Овој производ е наменет за темелно чистење на теписи и тапациран мебел, а активната пена продира длабоко во влакната, ефикасно отстранувајќи нечистотии и непријатни мириси. Воедно, придонесува за зачувување и освежување на боите, а антистатичкиот ефект помага во заштита од повторно валкање.

Со производите од Denkmit и Profissimo, пролетното чистење може да стане поедноставно, поефикасно и подобро организирано. Без разлика дали станува збор за кујната, бањата, прозорците, мебелот или текстилот во домот, во dm ве очекуваат практични решенија за чист и свеж дом, по секогаш поволни цени.
Комерцијален текст













