„Нема правда на овој свет, рекол секој од нас барем еднаш во животот. Гледаме како нечесни и некоректни луѓе, кои „газат преку мртви“, секогаш уживаат во успехот, додека другите – искрени, вредни, великодушни, кои играат според правилата – вечно се соочуваат со тешкотии. Зошто измамниците минуваат неказнето, е прашањето кое од секогаш го мачи чесниот човек. Зошто оние кои прават добро толку често остануваат без признание? Хелена Блаватска, руска мистичарка и писателка, своевремено го објаснила тоа како „законот на бумерангот“.“
„Правда, ете тоа е!“, непрестано повторуваше Калимеро, помирувајќи се со непишаните правила на светот. Иако често ни се чини дека ја нема, челичната рака на правдата не престанува да ја извршува својата должност, зборувала Хелена Блаватска. Работата е во тоа што нејзините манифестации често се разликуваат од нашите очекувања, објаснуваше писателката, водечки теоретичар на теозофијата и жена која во 19. век храбро ги рушела табуата, жонглирајќи помеѓу мудроста и контроверзноста.

„Ние го гледаме само малиот дел од целата слика, како да шпиунираме низ бравата“. Но, добрите дела може да ни се вратат години подоцна, преку неочекувани околности, преку луѓе од кои можеби не сме очекувале. Токму таа непредвидливост лежи во основата на „законот на бумерангот“. Познатата Мадам Блаватска кажала дека секое дејство што го преземаме, дури и најтривијалното, остава трага во иднината, но дека не сме секогаш подготвени или способни да го препознаеме тој траг.
Бумерангот не толерира брзање
Со други зборови, резултатите од нашите постапки ретко се гледаат веднаш. Метафорички кажано, „правилно посеан цвет може да никне години подоцна, благодарение на луѓето што никогаш не сме ги сретнале, ниту ќе ги сретнеме“. Слично на тоа, грешките можат да не научат лекции кои далеку ги надминуваат нашите сегашни разбирања.“
„Замислете мало семе. Ставете го во земјата и почекајте да никне. Може да поминат и неколку месеци до тогаш. Цветот што ќе го видите можеби воопшто нема да личи на оној што го имавте замислено во вашата глава. Иста е работата и во животот: нашите денешни постапки може да одекнат утре или децении подоцна, на место и во простор каде што не сме очекувале.“

Сенката од минатите животи
Блаватска, објаснувајќи го својот „закон на бумерангот“, се осврнала и на реинкарнацијата, сугерирајќи дека последиците од нашите постапки може да траат подолго од еден живот, формирајќи го она што го нарекуваме карма. „Тоа не е изговор за бесконечно саморефлектирање за грешките што сме ги направиле, туку повик да живееме свесно и да ја преземеме одговорноста за сегашноста“.
Мудрецот Патанџали, јога и гуру, учел дека кармата не е едноставна размена „ти ми даваш мене, јас ти давам тебе“. Намерата која стои зад постапката можеби игра уште поголема улога од самата постапка. Искрено покајание може да ги ублажи последиците од грешките, а свесниот живот да ја насочи судбината на човекот по вистинскиот пат.“

„Како да ја примените мудроста на „законот на бумерангот“
Бидете свесни за своите намери. Правете добри дела не заради моментална корист или за да зборуваат другите за нив, туку затоа што е тоа правилно. Намерата е она што делото го исполнува со енергија, која еден ден ќе ви се врати на најнеочекуван начин.
Искрено покајте се секогаш кога ќе згрешите. Грешките се неизбежни, но важно е да ги признаеме и да се трудиме да ги исправиме. Искреното покајание е како чист поток што ги мие тешките последици од минатите постапки и го подготвува тлото за нови, добри работи.
Не се оптеретувајте со перципираната правда. Не се споредувајте со другите – тоа е најчесто бесконечен извор на фрустрација. Некој ќе го достигне успехот брзо, но кај повеќето луѓе тој процес оди бавно. Сепак, тоа не значи дека светот е неправеден, туку дека бумерангот се движи по своја уникатна патека и со свој темп.
Ценете ги малите работи. Најобичниот чин на љубезност може да предизвика лавина од огромни позитивни промени, токму како што ситна суровост или нечестен гест може да доведе до разорни последици. Сетете се на Ганди: „Бидете промената која сакате да ја видите во светот“.“

Животот не е книга во која доброто и злото се собираат и одземаат. „Тоа е вежба на свесност, внимание кон себе и кон светот, трпение и непоколеблива вера дека добрината неизбежно се враќа. Живеј во сегашноста, воден од љубезноста, и верувај дека семето што денес го посееш сигурно ќе никне утре, можеби на некое друго место“, зборувала Мадам Блаватска.
На крај, вистината е дека „правдата не доаѓа секогаш веднаш, но секогаш доаѓа“. Таа е бавна, но достапна. Тоа е најдлабокото значење на „законот на бумерангот“. Не очекувај признанија, туку вреднувај го секој момент од животот и верувај дека нашиот свет е мудро дизајниран и дека, на крајот, сè доаѓа на свое место.











