Родители од Калифорнија останале изненадени од реакцијата на својот мачор кога дома ја донеле новородената ќерка. Карим Калил и Фифи Фура, кои на социјалните мрежи објавуваат под името „dontstopmeowing“, споделиле на Инстаграм емотивно видео кое прикажува како нивниот мачор Чејс се качува во бебешкото креветче и се прилепува до двонеделната Џазел.
„Тоа сега е неговото бебе“, напишала Фифи во описот на видеото.
Мачорот се прогласил за чувар на бебето
На снимката се гледа како Чејс лежи покрај новороденчето како самиот да се прогласил за нејзин личен телохранител. Родителите, 36-годишниот Карим и 33-годишната Фифи, кои имаат и двегодишен син Тај, тврдат дека однесувањето на Чејс било спонтано.
„Чејс е многу заштитнички настроен кон нашето бебе и секогаш се обидува да се качи до неа во креветчето“, изјавила Фифи за „Newsweek“. „Овој пат едноставно сам се качи и се намести покрај неа“.
Во видеото се слуша како Фифи му вели: „Чејс, ова не е твојот кревет, пријателе. Не можам да ти дозволам да спиеш во бебешкото креветче“.
Не сака да го вознемируваат
Сепак, мачорот не ги прифаќа лесно обидите да биде преместен. Откако удобно ќе се намести покрај бебето, видно се вознемирува ако некој се обиде да го помести.
„Обично само нè погледнува како да прекинуваме нешто важно“, додал Карим. Фифи вели дека Чејс е исклучително нежен и приврзан откако се родила Џазел.
„Се однесува како бебето да е негово маче и како да е негова должност да се грижи за неа“, објаснила таа. „Многу е заштитнички настроен кон неа. Мислиме дека е многу приврзан за неа“.
Снимката стана вирален хит
Видеото на Инстаграм стана вирално и собра 3,6 милиони прегледи. Корисниците оставиле илјадници коментари, а многумина изразиле воодушевување.
„Тој ја штити“, напишал еден корисник. „Чејс навистина е најдобриот мачешки брат досега“, коментирал друг. Трет корисник мачорот го нарекол „ангел чувар“ на Џазел.
Ваквата посветеност не ги изненадила долгогодишните следбеници на профилот, бидејќи Чејс на интернет веќе стекнал репутација на заштитник на своите човечки браќа.
„Добивме многу коментари за тоа колку е слатка ваквата сцена и како мачките се прекрасни постари браќа и сестри“, рекла Фифи. „Многу од нашите следбеници не беа изненадени од реакцијата на Чејс, бидејќи веќе е познат по тоа што е многу приврзан со нашите деца“.












