[ВИДЕО] Познатата пејачка за врската која започнала кога имала 18 години: „Тој имаше 29 години, не беше во ред“

Точка

04/03/2026

18:50

633

Големина на фонт

а а а

Деми Ловато објасни зошто денес смета дека нејзината врска со 13 години постариот актер Вилмер Валдерама, која започнала кога таа имала 18 години, „не била во ред“.

Иако денес има 33 години, Ловато веќе долго време е под лупа на јавноста. Досега има објавено девет студиски албуми, а вниманието на медиумите често го привлекувале и нејзините љубовни врски – меѓу нив и врската со Валдерама, кој во моментот кога започнале да се гледаат имал 29 години.


Биле заедно шест години

Деми Ловато и Вилмер Валдерама биле во врска околу шест години и раскинале во 2016 година. Во заедничка изјава тогаш порачале дека раскинувањето им било многу тешко, но дека сфатиле оти е подобро да останат пријатели и да продолжат меѓусебно да се поддржуваат.

Гостувајќи неодамна во подкастот „This Is Keke Palmer“, Ловато со водителката разговарала за врските со голема разлика во години и за тоа како таквите ситуации во младоста често се нормализираат – особено кога некој рано ќе влезе во шоубизнисот.

Водителката на подкастот, Кеке Палмер, раскажала како и самата како тинејџерка се нашла во врска со многу постар дечко и дека луѓето често не сфаќаат со што всушност се соочуваат младите во индустријата. Ловато надополнила дека со текот на времето сè ѝ се поставило поинаку: дури кога и самата стигнала на тие години, ѝ станало јасно дека разликата што ја имала тогаш со партнерот „не била во ред“.


Палмер тоа сознание го опишала како одреден „ментален слом“ – момент кога сфаќаш дека си бил во нерамноправна позиција, дека немал иста моќ или дека, свесно или несвесно, бил искористен. Ловато додала дека таквите работи уште полесно се замаглуваат ако си „пораснал за своите години“ или ако околината те доживува како возрасна личност.

Инаку, Валдерама во последните години е во врска со Аманда Пачеко. Се вериле во 2020 година и во меѓувреме добиле две деца.

„Ми требаше тоа за да научам да бидам сама“

Иако денес повеќе не се во контакт, Ловато претходно изјавила дека нема лоши чувства кон поранешниот. Рекла дека му посакува сè најдобро, но дека долго време не се слушнале и дека оддалечувањето ѝ било важно за да научи да функционира самостојно.


Додала и дека, кога со некого ќе влезеш во сериозна врска толку млад и останеш во неа со години, често немаш можност вистински да се запознаеш себеси.

Ловато за квир идентитетот

Деми Ловато се идентификува како пансексуална. Пансексуалноста спаѓа во поширокиот квир идентитет – поим кој ги опфаќа лицата кои не се вклопуваат во вообичаените норми на сексуална ориентација или родов идентитет. Пансексуалноста значи привлечност кон лица без разлика на нивниот пол или род.

Пејачката неодамна говорела и зошто често излегува и настапува во квир простори. Рекла дека таму се чувствува сигурно, дека сака да танцува и да се дружи со пријателите, и дека таквата атмосфера ѝ дава чувство на припадност.


Додала дека во клубовите наменети за хетеросексуална публика не се чувствува подеднакво заштитено, додека во квир простори знае дека е опкружена со пријатели и дека може да се опушти. „Секогаш се чувствував побезбедно во квир простори, и мислам дека тоа е затоа што квир луѓето живеат толку автентично што и јас се чувствувам како да можам да живеам автентично“, заклучила таа.