„Знаете што е најстрашно? Мислите дека нема вам да ви се случи, тоа ме поразува“: Весна Бејби Петрушевска со трогателна порака по трагедијата во Карпош

Точка

04/03/2026

09:00

566

Големина на фонт

а а а

По трагедијата која се случи во Карпош, во која мајка и ќерка го загубија својот живот, Македонија повторно беше завиена во црно.

Мајка и ќерка по години малтретирање и страв кое го трпеле од нивниот сопруг и татко посегнале по најтешкото.

Болката и неверувањето останува да живее во нашето секојдневие, а ваквите трагедии едноставно не смеат да бидат заборавени, а уште помалку да бидат испитани и да одговара оној којшто е причинител за тоа.


За сето ова коментираше и познатата актерка Весна Бејби Петрушевска, која се огласи на социјалната мрежа Фејсбук со искрена порака.

„Долго време ми требаше да се соземам. Цело време зборувам за насилство – како сведок, како жртва – и знаете што е најстрашно? Мислите дека нема вам да ви се случи, тоа ме поразува. Ние сме системот, драги мои, ние го креираме светот околу нас. Одамна имате отсуство на емпатија, го игнорирате менталното здравје, обвинувате социјални служби… па центарот за социјална работа одамна не функционира, со децении. Знаете зошто? Ние сме тивки. Јас одамна не се плашам од никој и ништо. Нема страв од насилник, оти секој еден маж што кренал рака на жена е таков бедник и кукавица. Ги има и околу вас – на работа, во соседството, дома… ама сеирот е најголем. Ова е голем удар за сите нас.“


Петрушевска предупредува дека додека осудата и клукачките коментари бидат пред емпатијата, трагедиите како оваа ќе продолжат. „Додека сеирот ни е пред емпатијата, трагедиите ќе продолжат. Кој ќе биде следниот?“, прашува таа, потсетувајќи на секој од нас дека молчењето и игнорирањето на страдањето на другите носи последици“.