Гакпо со несфатлив потег спречи чист гол на Ливерпул, Џерард побара од Слот да го седне на клупа

Дерби

04/03/2026

11:59

267

Големина на фонт

а а а

Коди Гакпо најверојатно минува низ најголемата криза како играч на Ливерпул, па во овој момент ништо не му оди од рака до тој степен, што почна да спречува и чисти голови на свои соиграчи.

Иако имаше доминанто издание против Волвс, Ливерпул на крајот загуби на „Молину“ со примен гол во 94-та минута, а поразот од 2:1 е уште поболен ако се знае дека актуелниот англиски шампион можеше да поведе во повеќе наврати.

Особено блиску до такво нешто беше на стартот на вториот дел, кога Гакпо со несмасна реакција спречи чист гол на својот соиграч Куртис Џонс.

Кога сите ја видоа топката во голот, Гакпо му ја украде топката од пред нос на Џонс, па неговиот обид за гол се претвори во дефанзивна реакција од која корист имаа „волците“.

Поради овој лош потег и спречениот гол, Гакпо доби низа критики на социјалните мрежи, а жесток беше и Стивен Џерард кој му препорача на Слот да го седне на клупа.

– Ливерпул беше очаен 65 минути, играше навистина лошо, не креираше доволно и не играше со брзина и темпо која се бара во Премиер лигата.

– Менаџерот мора да почне да го игра Енгумоа како стартер. Мора да почнува отпочеток, станува збор за играч кој прави многу повеќе за неколку минути, отколку Гакпо во 65 или 70 минути, – изјави Џерард.

Ситуацијата погледнете ја ТУКА.