Фабрегас: Заслуживме да го победиме Интер…

Дерби

04/03/2026

13:19

173

Големина на фонт

а а а

Комо и Интер одиграа без победнник во првиот натпревар од полуфииналето на Купот на Италија.

Ова беше соочување кое не донесе многу возбудувања, двата тима потфрлија во офанзивата и потврда за тоа е податокот декка двата тиима упатија само еден шут во рамките на головите за 90 минути.

Сепак домашниот стратег Сеск Фабрегас верува дека заслужиле со предност да патуваат во Милано.

- Резултатот е таков каков што е. Генерално, чувствувам дека можеби заслуживме да постигнеме гол, или барем се приближивме до постигнување еден. Тоа беше шаховски натпревар, многу тактички, каде против најдоминантниот тим во Серија А, ја игравме играта што ја сакавме. Бевме солидни, имавме две или три многу добри шанси, со Алекс Вале се чинеше дека е потешко да се промаши отколку да се постигне гол, но вакви работи се случуваат.

- Интер доминираше во италијанскиот фудбал во последните пет години, но денес имаа само еден шут кон голот. Тоа ни остава малку горчлив вкус во устата, бидејќи чувствуваме дека можевме барем да победиме со 1-0, -истакна кој со Комоо во лигашкиот натпревар загуби со 4-0 за што заработи доста критики.

- Не, одмаздата е за губитници. Има луѓе кои чекаат три или шест месеци да се лизнете, тие скокаат од своите кревети и едвај чекаат да ве нападнат. Сепак, интелигентни луѓе, оние кои се гладни и желни да учат, ние сме скромни и отворени да ги слушнеме мислењата на луѓето.

- Има уште 12 натпревари до крајот на сезоната, се надевам 13, но мора да продолжиме да притискаме. Сега повторно имаме натпревар во сабота попладне, додека Интер е закажан за недела навечер, па се надеваме дека ќе се одмориме малку.

- Не знам дали Интер е фаворит сега, само знам дека ние сме Комо, а тие се Интер. Секако дека постои различен менталитет меѓу клубовите и тимовите во моментов, барем засега. Продолжуваме да се обидуваме да ја подигнеме летвичката. Играме во полуфинале на Купот на Италија, па ако ми кажевте на навивач на Комо или дури и мене кога бевме во Серија Б пред две години, се сомневам дека некој би ви верувал. Има уште долг пат до реваншот, имаме многу натпревари од Серија А да ги одиграме прво и мора да се фокусираме на нив.

- Мислам дека вистинското прашање е за Кристијан Киву, бидејќи Интер дојде тука и играше поинаку од вообичаено. Тие доминираат во Серија А, притискаат силно, не оставаат никакви празни места и мислам дека моите играчи денес одиграа одлично, - порача Шпанецот.