Сколс во негов стил: Арсенал и Сити не ја заслужуваат титулата во ПЛ

Дерби

04/03/2026

11:55

183

Големина на фонт

а а а

Арсенал и Манчестер Сити се двете екипи кои ќе водат борба до самиот крај за пехарот во Премиер лигата, две екипи кои во моментов ги делат пет бода со тоа што треба да се потенцира дека лидерот има одиграно натпревар повеќе од најблискиот конкурент за врвот.

„Топчиите“ имаат уште девет, „граѓаните“ десет меча, а тука е и нивниот меѓусебен дуел на „Итихад“ кој може да биде и клучен. Се очекува да биде возбудливо, драматично, но славниот Пол Сколс воопшто не е воодушевен од она што го гледа и смета дека ниту еден од двата клуба го заслужуваат пехарот.

- Кој и да ја освои лигата, на крајот рековте дека ја заслужува. Никој од нив не ме убеди дека треба да бидат шампиони на Премиер лигата. Мислам дека не треба да го доделат трофејот оваа година. Никој не го заслужува. Искрено, не беше добро за гледање, - истакна Сколс и додаде:

- Има огромен притисок врз нив [Арсенал], нели? Постои затоа што беа во навистина добри позиции во текот на годините и не успеаа да ја поминат линијата.

- Па сега се во неверојатна позиција. Сега видете, нема да видите слободен фудбал. Нема. Не мислам дека сме го виделе тоа цела сезона од кој било тим, како што постојано велам, но особено во овој момент, најважно е како ќе ја поминат линијата, - заврши легендата на Јунајтед.