Нигерискиот фудбалер Јира Сор, кој настапува во Европа за белгискиот Генк, за викендот забележа најголема брзина за време на спринт во една натпревар.
Откако се водат мерењата, никој не трчал побрзо на терен на еден европски натпревар од Јира Сор. Нигериецот учествуваше во победата против Гент со резултат 3:0 и постигна гол.
Постигна гол за 3:0 и така ја потврди победата на Генк, а за време на натпреварот го сруши рекордот за најбрз фудбалер во Европа.
Сор во 92-та минута ја претрча речиси целата должина на теренот и притоа постигна гол. Како што известуваат белгиските медиуми, Сор достигнал максимална брзина од 37,7 километри на час, што значи дека официјално е најбрз играч во Европа, откако се водат мерењата.
На тој начин го надмина рекордот на Мики ван де Вен, кој во сезоната 2023/2024 во англиската Премиер лига за својот Тотенхем забележал брзина од 37,38 километри на час.
Истовремено, се претпоставува дека Килијан Мбапе во дуел за ПСЖ достигнал брзина од 38 километри на час, што би бил рекорд, но УЕФА не ја потврди релевантноста на податоците бидејќи не било вршено официјално мерење.

Во споредба со најбрзиот човек на светот, Усeин Болт, сепак ова не е приближна брзина.
Кога Усeин Болт постави рекорд во спринт на 100 метри на Светското првенство во атлетика во 2009 година, достигна максимална брзина од 44,72 км/ч. помеѓу 60 и 80 метри.











