Арсенал игра сезона во која се уште е активен на сите натпреварувања, поточно може да ги освои сите четири титули што би било неверојатен успех, резултат за историја.
Веројатно најважна за клубот е титулата во Премиер лигата, пехар на кој се чека повеќе од две децении, титула која во изминативе сезони им бегаше за многу малку, но сега се лидери и во моментов имаат се во свои раце иако Манчестер Сити е сериозна закана.
Рио Фердинанд е убеден дека „топчиите“ ќе го издржат притисокот и ќе станат шампиони, а во исто време предвидува дека овој тим во наредната година ќе стане уште посилен, подобар, поинаква „ѕверка“.
- Мислам дека Арсенал ќе ја освои оваа титула со или без никаков проблем. Мислам дека ќе ја освојат по секоја цена. Мислам дека следната година, со таа самодоверба и освоените трофеи, тие стануваат сосема поинаков ѕвер, уште потежок тим за соочување, - вели Рио кој нема проблем кога е во прашање најсилното оружје на Арсенал-прекините.
- Апсолутно се согласувам и ја почитувам [тактиката на Арсенал]. Сепак мислам дека заслужуваат почит за начинот на кој го изградија ова, како го организираа и станаа толку доминантни. Сега е страшно, може да се почувствува страв кај противникот кога ќе добијат прекин, - истакна Фердинанд.








