Реал Мадрид издвојува победа над Бенфика и во вториот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на шампионите и со вкупни 3-1 обезбеди место меѓу најдобрите 16 екипи во елитната конкуренција.
Клубот од Португалија се покажа како незгоден ривал, не се предаде на „Бернабеу“, прв дојде до водство, имаше и некои други шанси, ама Куртоа беше на висина на задачата и со тоа му овозможи на Реал со погодоците на Чуамени и Винисиус Жуниор да направи пресврт и со 2-1 ја заокружи оваа фаза од натпреварувањето.
- Тие не играа со десно крило и ни создадоа проблеми. Во вториот дел успеавме да се прилагодиме, но во првиот страдавме. Немавме среќа со нивниот гол. Мислам дека сме сигурни, во Лигата на шампионите е нормално да се создаваат шанси. Во играта ни недостасува малку флуидност со топката. Мораме повеќе да ги „кршиме“ ниските блокови. Тоа е она што тренерот го бара од нас. Сè уште не играме добро, -истакна Куртоа кој е среќен поради Винисус Жуниор.
- Мило ми е што танцува и што сè уште танцува, тоа значи дека постигнува голови, - рече Белгиецот.
„Кралевите“ во петок ќе го добијат наредниот ривал, Манчестер Сити или Спортинг Лисабон, но според Куртоа веќе се знае со кого ќе се соочат.
- Знаеме дека ќе го добиеме Манчестер Сити во петок. Тоа е меч од соништата. Не сум играл против Спортинг Лисабон од 2015 година со Челзи. Ќе видиме дали за промена ќе биде така, - порача еден од најдобрите светски голмани.








