[ВИДЕО] Најлудиот кружен тек на светот: Не смееме ниту да ги замислиме македонските возачи во него

Точка

16/03/2026

12:16

519

Големина на фонт

а а а

Англискиот Свиндон по ништо посебно не е познат, но неговиот кружен тек, така наречениот „Magic Roundabout“, стана светска сообраќајна атракција.

Можеби во Македонија во последно време добивме голем број бесмислени кружни текови кои им го комплицираат животот на возачите, но „Magic Roundabout“ е потсетник дека можело да биде и полошо.

Еден голем кружен тек се наоѓа во круг од пет помали и во тој хаос, наводно, сè функционира колку-толку, пренесува „Ревија ХAK“.

Веќе со години кружниот тек во Свиндон, изграден во 1972 година, возачите го прогласуваат за најлош во Велика Британија, а не ретко се случува некој да заврши во спротивна насока – особено оние што првпат се наоѓаат на него.

Како тоа изгледа во практика, погледнете во видеото – и само замислете како би изгледала една таква „авантура“ кај македонските возачи.