[ВИДЕО] Жена покажала сцена од авион, па сите ги згрозила: „Веднаш би барала да ми ги вратат парите и би ја тужела компанијата“

Точка

16/03/2026

13:28

1.042

Големина на фонт

а а а

Патник во авион ги кренал босите нозе на ѕидот од кабината, а видеото кое го објавила патничка предизвикало милионски прегледи и бурна расправа на социјалните мрежи.

Една жена останала зачудена од необичното однесување на маж во текот на летот со авион. Сето тоа го снимила и го објавила на интернет, а видеото за кратко време предизвикало реакции и иницирало дебата за тоа како патниците треба да се однесуваат во авион.

Вирално видео со боси нозе

Корисничката на ТикТок видеото го објавила со краток опис: „Шокирана“.


На видеото се гледа патник неколку редови пред неа којшто ги кренал босите нозе и ги потпрел високо на ѕидот од кабината над ниво од седиштата.

Неговите стапала биле јасно видливи за патниците од повеќе редови. Видеото од оваа необична сцена, настанало среде лет и за само една недела добило 2,1 милион прегледи и повторно ја започнало дискусијата за границите на пристојното однесување во авион.

Остри реакции на корисниците

Видеото на ТикТок добило над 6100 коментари, а поголем дел од корисниците изразиле чудење и згрозеност.

„Веднаш би барала враќање на парите и би ја тужела компанијата поради душевна болка! Нема шанси“, напишала една корисничка.


Друг човек се осврнал на движењата на прстите на стапалата кои се гледаат на видеото: „И уште има храброст да ги поместува прстите, фуј“.

Многумина се запрашале како таквото однесување е можно во заеднички простор како авионска кабина, а еден коментар гласел: „Зошто луѓето едноставно не знаат како треба да се однесуваат?“.