Виктор Осимен одново се враќа во Италија овојпат во дресот на Галатасарај и тоа во соочувањето со Јувентус во Лигата на шампионите.
Нигериецот четири години настапуваше за Наполи и многу добро го познава италијанскиот фудбал и сега се надева дека со Галатасарај ќе успеа да избори пласман во осминафиналето, цел која е реална по убедливиот триумф од 5-2 во Истанбул.
-Нема да биде лесен натпревар, особено за нив, но сакаме да победиме, -порача Осимен кој откри дека во иднина би можел да игра за Јувентус ако направи кам-бек на Апенините.
-Јувентус е еден од најважните клубови, богат со историја и толку многу легенди. Кога разговараа со мене во тоа време, бев нетрпелив да се приклучам пред да дојде Галатасарај, но имаше некои пречки и трансферот не се случи. Доколку се појават можности во иднина, има неколку клубови за кои би сакал да играм, играњето тука би било привилегија. Но, 90% од фудбалерите во светот би сакале да играат за Јувентус, -порача голгетерот.







