[ВИДЕО] Убиецот од Флорида ги излуде жените во светот (иако брутално уби две): Се колнат на верност и бараат да им направи дете

Точка

23/02/2026

19:15

911

Големина на фонт

а а а

Вејд Вилсон призна дека убил две жени, но наместо осуда од јавноста, станал култен лик на интернет и стекнал стотици следбенички кои му се колнеле на верност.

Неговиот случај, кој спојува брутални злосторства и бизарна интернет слава, е тема на новиот документарен филм „Згодниот ѓавол: Шармантен убиец“, пренесува „Фокс Њуз“.

Филмот вклучува интервјуа со неговите поранешни девојки, таткото и истражителите.

„Стотици жени наводно се вљубија во Вејд Вилсон. Сакаа да се омажат за него и да имаат деца, иако знаеја за дел од стравотните детали на двојните убиства. Тоа беше нешто што бараше длабоко истражување“, објаснува Брајан Рос, корежисер и продуцент на филмот.


Убиства што ја потресоа Флорида

На 7 октомври 2019 година, Вилсон ја задавил 35-годишната Кристин Мелтон додека спиела, а подоцна истиот ден ја претепал, задавил и прегазил 43-годишната Дајана Рус. Тој бил уапсен на 8 октомври 2019 година, откако на неговиот татко преку повеќе повици му ги признал злосторствата.

„Двете жени биле ценети од своите семејства и пријатели“, вели корежисерката и продуцентка Ронда Шварц.


Од злосторник до интернет-сензација

По апсењето, неговата полициска фотографија се проширила на социјалните мрежи, предизвикувајќи опсесија кај многу жени. Тие го идеализирале неговиот изглед, иако лицето и главата му биле покриени со тетоважи, а на суд се појавувал во шарени одела и со средена коса.

На Тикток и на другите платформи се развила база на обожавателки. Некои му се јавувале во затворот, восхитувајќи се на неговиот изглед и глас. Една дури побарала „маратонски секс“, додека друга го молела да ѝ направи дете.

Манипулација и верност

„Жените велеле дека во тие повици тој знаел да ги насмее. Криминолозите велат дека понекогаш ваквите мажи привлекуваат жени кои биле жртви на злоупотребување, бидејќи се чувствуваат безбедно знаејќи дека не може да им наштети додека е зад решетки“, објаснува Рос.

Рос открил дека Вилсон во еден момент собрал околу 100.000 долари преку страница за донации што ја покренал еден од неговите обожаватели. Иако тие тврделе дека парите ќе одат за неговите адвокати, Вилсон ги трошел на пици и чоколади. Со години добивал стотици љубовни писма и експлицитни фотографии. „Една жена која разговараше со нас, опседната со него, со свои пари купуваше костуми, кошули и вратоврски за да може тој да се појави на суд. Дури му купи и шминка за да се обиде да ги сокрие тетоважите на лицето“, раскажал Рос.

Темната страна на шармантниот убиец

Тие што го познавале опишувале како неговото однесување можело да се промени без предупредување, станувајќи непријателско и заканувачко. Мила Монтанез, една од неговите поранешни девојки, во документарецот опишала како тој физички ја злоставувал. „Жените кои биле со него и во еден момент го сакале, велеле дека се вљубиле во неговите очи, но дека доаѓал момент кога тие очи потемнувале“, објаснил Росс. „Мила ги нарекла ‘очите на серискиот убиец’.“

На прашањето за мотивите, Росс рекол: „Тешко е да се знае што го натерало да убива. Тој дал неколку различни објаснувања, вклучувајќи и дека едноставно тоа го сакал. Длабоко во себе, ова е ладнокрвен убиец кој бил згоден и вешт со зборови.“ Според зборовите на режисерот, Вилсон самиот рекол дека „станал ѓавол“ и дека во неговата глава се вртеле мисли: „убиј, убиј, убиј“.

Пресуда и осуда од јавноста

Во јуни 2024 година, Вилсон бил прогласен за виновен за убиствата на Кристина Мелтон и Дијана Руиз, а во август истата година бил осуден на смрт. Податоците од канцеларијата на шерифот на округот Ли покажуваат дека само во еден месец по пресудата тој примил 3.903 пораки, 65 писма и 754 фотографии.

Државните обвинители ги осудиле неговите обожаватели. „Со овој бизнис се занимавам 34 години и морам да кажам дека никогаш не сум видела некого толку злобен како Вејд Вилсон“, изјавила Амира Фокс, државна обвинителка, по изрекувањето на пресудата. „И никогаш не сум била повеќе изненадена од тоа што некои луѓе во заедницата навистина мислат дека е добра идеја да се поддржува некој толку злобен и монструозен.“

Денес, вели Рос, онлајн сликата на Вилсон како привлечен маж избледува. На поновите затворски фотографии изгледа запуштено и му недостигаат неколку заби. „Се наоѓа во самица, чека извршување на смртната казна со многу малку контакт со надворешниот свет. Се жали за пресудата, но таму ќе остане засекогаш – ќе си замине во ковчег“, заклучил Росс.