[ФОТО] Македонската Парис Хилтон е поим за елеганција и убавина - многумина не веруваат колку години наполни

Точка

23/02/2026

14:35

1.596

Големина на фонт

а а а

Таа е една од најубавите Македонки, познат модел и професорка, па со причина го носи епитетот „македонската Парис Хилтон“.

Познатиот македонски модел Маја Глигоровка наполни 44 години, а многумина велат дека изгледа дупло помладо за што говори и нејзината убавина.


Маја каде и да се појави го привлекува вниманието со својата нереална убавина и спонтана харизма, а од глава до пети блескала и на прославата на својот 44 роденден.

За неа со причина понекогаш ќе прочитате дека старее како виното, односно како што одминуваат годините таа е поубава и поубава...


Доказ за сета нејзина убавина се фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, а не останале помалку забележани и оние од прославата на роденденот каде блеснала во црн, елегантен фустан - скроен само за неа.

Креацијата била покриена со светки, а покрај деколтето кое било максимално истакнато, во фокус биле и нејзините долги и витки нозе.


Маја навистина изгледа како да излегла од Холивуд, а нејзината убавина е спонтана и нереална.

Да ве потсетиме, Маја е наша поранешна мисица која денес работи како наставник во основно училиште, а нејзиниот препознатлив знак е русата коса заради која многумина ја нарекуваат „македонската Парис Хилтон“.