Свеченоста на доделувањето на филмските награди „BAFTA“ за 2026 година се одржа вчеравечер во „Royal Festival Hall“ во Лондон, а ја водеше Алан Каминг. Во категоријата за најдобар филм победата ја однесе остварувањето „One Battle After Another“.
Овој филм на вечерашната доделување на „BAFTA“ наградите освои вкупно шест признанија.
Пол Томас Андерсон ја освои наградата за најдобар режисер, а при своето обраќање се пошегува порачувајќи: „Се чувствувам како најубавата девојка во оваа просторија“.

Наградата за најдобар главен актер ја освои Роберт Арамајо за улогата во филмот „I Swear“, а најдобра главна актерка е Џеси Бакли со улогата во филмот „Hamnet“.
Наградата за најдобра споредна актерка ја освои Вунми Мосаку за улогата во филмот „Sinners“, а најдобар спореден актер е Шон Пен со улогата во филмот „One Battle After Another“.
Рајан Куглер ја освои наградата за најдобро сценарио за филмот „Sinners“. Наградата за најдобра кинематографија ја освои филмот „One Battle After Another“.

Наградата за најдобро адаптирано сценарио му припадна на филмот „One Battle After Another“. Филмот „Sentimental Value“ ја освои наградата за најдобар филм кој не е на англиски јазик.
Роберт Арамајо и Џеси Бакли освоија награди во категоријата Ѕвезди во подем. Наградата за најдобри специјални ефекти ја освои филмот „Avatar: Fire and Ash“, а наградата за најдобар детски и семеен филм му припадна на филмот „Boong“, кој е индиска драма за созревање.
Исто така, принцот Вилијам ја додели наградата „BAFTA Fellowship“, што е највисокото признание на Академијата, а ѝ припадна на претседателката на „NBC Universal Entertainment“,Дона Ленгли, која е препознаена по посебниот придонес во филмот.

Комплетната листа на добитници на „BAFTA“ наградата можете да ја погледнете овде.
Британските награди, со службениот назив „EE BAFTA Film Awards“, често навестуваат кој би можел да слави на доделувањето на Оскарите, кое оваа година се одржува на 15-ти март.

















