[ВИДЕО] „Уапсени во Амстердам“, Марија Шерифовиќ со пријателките била во Холандија и доживеала хаос: „Срам да ви е!“

Точка

23/02/2026

21:30

1.200

Големина на фонт

а а а

Познатата пејачка Марија Шерифовиќ се огласи од Амстердам, каде што отпатува со колешката и блиска пријателка Јована Пајиќ и неколку другарки. Ситуацијата што им се случила во градскиот превоз предизвика лавина реакции и насмевки кај нивните следбеници.

Марија на својот јутјуб-канал објави влог со провокативен наслов „Уапсени во Амстердам“, што веднаш ја заинтригира јавноста. Сепак, како што објаснила, не станувало збор за вистинско апсење, туку за непријатност во трамвај.



За време на возењето, ги запрела контрола за билети.

„Секако дека нè фати контрола. Жената вели: „Билет, ве молам, госпоѓи, вратете се“. Ако немате да платите на врата, има жена што продава билети во трамвај. Плативме четири карти 10 евра за еден час, само за да не се бламираме. Многу ми беше непријатно да ме прозиваат во трамвај“, раскажала Марија.

Пејачката неодамна објави и влог од Бали, во кој Јована Пајиќ ја наговорила да проба дурјан – овошје познато по интензивниот мирис. Видеото го најави со зборовите: „Го прекинувам секој контакт со Јована Пајиќ“.

„Ова е видео во кое Јована инсистираше да купиме овошје што се вика дурјан. Тоа е нешто толку одвратно“, изјавила Марија, подготвувајќи се да го проба.

Откако го отвориле плодот, таа веднаш го затнала носот, а Јована прва дегустирала. Убедена дека е вкусно, Марија сепак се охрабрила да земе залак, но реакцијата била бурна.

„Што е ова? Дали ова воопшто вреди? Немој да го допираш со раце, никогаш нема да ги измијат мирисите. Јао, мајко мила!“,  извикала пејачката.

На крајот едвај се воздржала да не поврати, додека Јована се смеела на целата ситуација.

„Никогаш повеќе нема да се „играм“ со ова“, порачала Марија.